Играта ATOMFALL доби нов трејлер

Девелоперите од Rebellion објавиja сосема нов трејлер за претстојната акциона сурвајвл игра, Atomfall. Во овој трејлер, играчите добиваат увид во различните поставки и пејзажи во играта, додека истовремено учат што да очекуваат додека играат.

„Овој дел од северна Англија опфаќа сè, од отворени мочуришта, нерамни ридови, густи шуми и сликовитото англиско село Виндхам,“ вели Rebellion. „Но внимавајте, ова е опасен и непријателски предел исполнет со банди ограбувачи, полудени култисти и необјасниви хорори.

„Дури и локалниот животински свет претставува огромна закана за вашиот живот. Доколку сакате да го истражите овој свет и да преживеете, ќе мора да се борите за својот живот и да собирате ресурси.“

Atomfall пристигнвуа на 27 март и ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и PC. Играта исто така ќе биде достапна на првиот ден преку Xbox Game Pass уште на првиот ден. Во неговата летна прегледна анализа за играта, Grant Taylor-Hill од Insider Gaming зборуваше за тоа како интеракцијата со ликовите во играта може да го промени целокупното искуство.

„Ако се приближите премногу до фракција што не ви верува, ќе бидете нападнати прилично брзо,“ рече тој. „Во разговорите, можете да изберете помеѓу неколку опции, од кои секоја води во различна насока. Доколку сакате да бидете подискретни, ќе ги направите непријателите нервозни, а ако влезете со оружје во рака, ќе ја свртите целата војска против себе.“

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Се чини дека „Kratos“ за малку ќе станел бог на едно сосема поинакво царство: пицата. Креаторот на God of War, Дејвид Џафе, откри на X дека Кратос првично се викал „Dominus“, сè додека непрекинатите шеги за Domino’s Pizza не го натерале да се предомисли.

„Доминус звучеше брутално, насилно и доминантно“, рече Џафе. „Едноставно го обожавав тоа име. Мислев дека е одлично. Но, потоа нешто почна да се случува во студиото. Луѓето од тимот почнаа да прават шеги за Domino’s Pizza. Секојпат кога некој ќе го кажеше Доминус, некој неизбежно ќе извикаше ‘30 минути или бесплатно’ или ‘Отвори ја вратата, Доминус е тука’, или ќе почнеше да зборува за проклетиот Noid. По околу 50-тиот пат, сè беше јасно. Доминус беше мртов.“ Вреди да се напомене дека Доминус не е грчко, туку римско име, изведено од латинскиот збор за „господар“ или „владетел“.

Џафе продолжи да објаснува дека некој му испечатил огромен список со старогрчки машки имиња за да ги разгледа, но ниту едно од имињата што ги избрал не се задржало. Во тој момент, Сузан Панико, раководителката на маркетингот на играта, го предложила името Кратос, кое му се допаднало на тимот. Џафе подоцна сфатил дека Кратос бил на оригиналниот список со имиња, но дека целосно го пропуштил. „Претпоставувам дека ова покажува колку успехот во игрите зависи од среќата и вистинскиот момент, а во овој случај и од маркетингот.“ На старогрчки, kratos значи „моќ“ или „сила“, па затоа името прилично добро му прилегало на главниот лик.

Откако оригиналната God of War дебитираше во 2005 година, серијалот прерасна во една од најголемите франшизи на Sony. Првите четири главни игри, како и неколку добро прифатени наслови за PSP, беа сместени во грчката митологија, пред играта God of War од 2018 година да го освежи серијалот и да го однесе Кратос во нордиската митологија, каде што научи да биде малку помалку карикатурално убиствено чудовиште во човечка форма.

Што следува за серијалот God of War?

Следната игра од серијалот God of War е God of War: Laufey, уште еден наслов сместен во нордиската митологија. Ова ќе биде првата игра во серијалот во која Кратос нема да биде главниот лик. Наместо тоа, приказната ќе ја следи Феј додека се бори низ задгробниот живот за да ги спаси Кратос и нивниот син Атреј. Играта треба да излезе на 16 февруари 2027 година.

Откако Laufey предизвика „контроверзии“ затоа што главниот лик е жена, Santa Monica Studio јасно стави до знаење дека Кратос ќе се врати како главен лик во сè уште неименуваното продолжение. Претходно оваа година, студиото потврди дека се подготвуваат и римејкови на првите три игри од серијалот. На Prime Video се подготвува и телевизиска серија заснована на God of War од 2018 година, при што Дејв Батиста ќе го глуми Кратос. Повеќе од 20 години подоцна, богот на војната сè уште е во полна сила.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!