Франшизата Assassin’s Creed најави ново раководство

Assassin's Creed

Објавен е нов раководен тим за франшизата Assassin’s Creed, кој вклучува директор за бренд, директор за содржина и директор за продукциска извонредност.

Од најавата за реструктурирањето на Ubisoft и иднината на франшизата Assassin’s Creed, фановите чекаа повеќе јаснотија за тоа како ќе изгледа патот напред. Неодамна дознавме дека моментално се во развој две Far Cry игри и неколку Assassin’s Creed наслови. Дополнително, добивме информации и за тоа кој стои зад раководството на овие проекти.

Франшизата Assassin’s Creed добива ново трио на чело

Преку нова објава на X (поранешен Twitter), откриени се три искусни лидери кои ќе ја водат франшизата Assassin’s Creed понатаму. Тие ќе бидат одговорни за долгорочната визија на брендот, креативните амбиции и континуираниот раст на Assassin’s Creed.

Мартин Шелинг ќе ја преземе улогата Head of the Assassin’s Creed Brand и ќе се фокусира на „целокупната стратегија и долгорочната визија на брендот“. Шелинг има „длабоко разбирање за Assassin’s Creed“ благодарение на тоа што бил дел од лидерските тимови на игри како Revelations, Black Flag, Origins и Valhalla. Најскоро, ја извршуваше функцијата Chief Production Officer во Ubisoft.

Потоа тука е Жан Гедон, кој ќе биде Head of Content за франшизата Assassin’s Creed и ќе биде одговорен за водење на целокупната креативна насока, поддршка на поединечните игри и насочување на иднината. Гедон беше креативен директор и на Origins и на Black Flag.

И за крај, Франсоа де Били е именуван за Head of Production Excellence во новото раководство на Assassin’s Creed. Франсоа де Били ќе биде одговорен за зајакнување на продукциските практики и реализацијата низ целиот бренд. Претходно беше Production Director на Valhalla и Origins.

Тројцата ќе се приклучат на остатокот од раководниот тим на Assassin’s Creed во наредните недели, меѓу кои и Андре-Ана Боавер, продуцентка за cross-brand иницијативите на Assassin’s Creed и Head of Technological Excellence, како и Лионел Хилер, VP Brand и Go-to-Market Strategy.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!