Capcom достигна рекорд од 93% дигитална продажба до 2026 година

Врз основа на неодамнешните бројки, се чини дека „Капком“ е пионер во дигиталната револуција во гејмерскиот простор. Во најновиот финансиски извештај на компанијата беше откриено дека неверојатни 93,3% од сите продажби регистрирани до првиот квартал од тековната фискална година за фирмата биле дигитални, оставајќи ги физичките продажби да сочинуваат незначителни 6,7%.

Оваа бројка беше зајакната со успехот на „Ресдент Евил Реквием“, кој стана еден од најпродаваните наслови во 2026 година, туркајќи го „Капком“ до највисокиот обем што го видел во последните пет години.

Неодамна, „Сони Интерактивна Ентертејнмент“ откри намера да го откаже производството на дискови за нови игри за PlayStation од јануари 2028 година па наваму. Тоа предизвика неверојатна реакција од пошироката гејмерска заедница, поттикнувајќи петиција, бојкот и акција за „глобално затемнување“ закажана за крајот на август.

Сепак, бројките се најкритичните овде. „Сони“ веројатно ја донела таа одлука врз основа на маржа од 85% дигитална продажба што е во центарот на вниманието во најновите извештаи. Броевите на „Капком“ дополнително го зајакнуваат аргументот за целосно дигитална иднина.

Во првиот квартал од тековната фискална година на Capcom, 93,3% од сите продадени игри беа дигитални. Ова претставуваше поголем обем од минатата година, со раст од 64% во однос на претходната година, но процентот во 2025 година беше поголем. Минатата година, 95,2% од сите продадени игри на Capcom беа дигитални.

За да се стави во перспектива, 2023 година претставуваше петгодишен минимум со 85% од продажбата да биде дигитална, но однесувањето на потрошувачите е опипливо и многу очигледно во бројките.

Во однос на поделбата, 60% од дигиталната продажба беше регистрирана на компјутер, додека 33% беше на конзола.

Во првиот квартал од фискалната 2027 година, Pragmata продаде 2,5 милиони единици, додека кумулативната продажба на Resident Evil Requiem надмина 8 милиони единици. Постарите наслови, вклучувајќи ги Resident Evil 7, Monster Hunter: World и Devil May Cry 5, продолжија добро да се продаваат во текот на периодот.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!