The Day Before се препродава за 200 долари

The Day Before веројатно ќе влезе како најлошата игра во историјата – или барем играта поддржана од најлошиот развивач во историјата. Во нашата последна подкаст Емисија S10E11 ги опфативме работите кои што се случија со The Day Before и ги кажавме црните и мрачните страни зад играта и зад студиото кое што направи криминал!

Во последниве недели, The Day Before страдаше од имплозија, при што конечно пристигна долгоочекуваното издание на играта, но го сигнализираше крајот на FNTASTIC – развивачот на играта – во рок од неколку дена. Од прилика во рок од четири дена. Токму така, развивачот на The Day Before се исклучи само неколку дена по објавувањето на играта што ја градеше со години, изјавувајќи дека не е финансиски успешна и дека не може да продолжи да ја поддржува. Како игра, The Day Before беше вистински хаос и брзо стана предмет за потсмев на интернет. Сега, кога е симната од Steam, се вадат лажни клучеви, кои носат ознаки за цена до 200 долари!

Будали!

Ако сте спремни да платите 200 долари за The Day Before – која првично чинеше околу 40 долари – тогаш тоа е ваша привилегија. И да сте спремни… Не станувајте будали! Навистина е скршена, нестабилна и игра која што не постои едноставно! Игра за која што е направено хајп со фејк трејлери!

Сега, кога The Day Before е отстранета од Steam, гледаме дека профилите што ја имаат играта се ставени за продажба до 1000 долари и луѓе кои се обидуваат да продадат индивидуални клучеви онлајн за дури 200 долари. Воодушевувачки е, но така функционира. Играта продаде околу 200.000 копии, но повеќе од половина на тие копии им беше стиснато веднаш да им се вратат парите на играчите, гејмерите мораа едноставно да си ги вратат залудно потрошените пари!

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Игрите создадени со вештачка интелигенција ја преплавија дигиталната понуда на продавниците оваа година. Steam Next Fest, настан на кој се претставуваат демо-верзии на игри, беше вистинска катастрофа бидејќи игрите создадени со вештачка интелигенција ја преплавија платформата, што им го отежна на љубителите филтрирањето на резултатите и пронаоѓањето скриени независни хитови. Според itch.io, бројот на страници за игри што се создаваат е двојно зголемен во последните два месеца, што веројатно е поврзано со популарноста на „vibe coding“ и алатките за вештачка интелигенција како Claude. Не се проблематични само „оригиналните“ игри создадени со вештачка интелигенција, туку и римејковите и копиите на постојни игри генерирани со ВИ, кои стануваат сè поголем проблем во индустријата за видеоигри.

Anthropic се обидува да стави крај на копирањето постојни игри со вештачка интелигенција

На 30 октомври, корисник на X забележал ажурирање на правилата на Claude Code, во кое стои:

„Создавајте оригинални игри, игри во одреден жанр и игри врз основа на дизајни и ресурси што ги создал самиот корисник. Не создавајте копија на конкретна постојна игра, дури и ако ѝ дадете ново име или ја наречете оригинална.“

На 30 октомври, портпарол на Anthropic потврдил за Game Developer дека ажурирањето е вистинско. Членот на техничкиот тим на Anthropic, Ади Османи, исто така објавил објаснување на X: „Додадовме две реченици во инструкциите за Claude Code на Opus 5.5 за да го насочиме да не пресоздава конкретни игри на други автори, бидејќи користењето на Claude за повреда на правата на интелектуална сопственост е спротивно на нашите правила за користење. Оригиналните игри, игрите во одреден жанр и игрите создадени врз основа на ваши дизајни и ресурси треба да продолжат да функционираат. Ќе продолжиме да ги подобруваме правилата за да постигнеме соодветна рамнотежа.“

Правилото е формулирано така што треба да ги спречи корисниците да го заобиколуваат преку разговор со алатката. На овој начин, Claude ќе генерира игри со вештачка интелигенција само врз основа на дизајни и ресурси создадени од самиот корисник. Не е познато кои конкретни насоки ги користи алатката за вештачка интелигенција за да разликува оригинални материјали од копирани ресурси, но доколку корисникот смета дека неправедно е обвинет дека не ги користи сопствените ресурси, мора да контактира со член на тимот за да го разјасни случајот и да продолжи со работата.

Добро е да се види дека Anthropic презема мерки, а се надеваме дека тоа ќе ги одврати корисниците од употреба на неоригинални материјали. Овој проблем е особено изразен кај независните развивачи, кои стравуваат дека нивните игри би можеле да бидат украдени од корисници на „vibe coding“. Неколку мали развивачки студија ги откажаа јавните тестирања на игрите и се одлучија за приватни тестирања во контролирана средина за да спречат појава на копии создадени со вештачка интелигенција. Со 25.000 игри на листата на желби на Steam, илјадници обожаватели со нетрпение очекуваа да ја испробаат демо-верзијата на Drunken Goddess Reflux за време на Steam Next Fest во октомври. За жал, развивачите Alliance Arts и Who You одлучија да се повлечат од настанот за да спречат нечесни играчи да ја копираат нивната игра. Слично на тоа, Digital Sun го откажа јавниот тест на игратаReVamp и наместо тоа се одлучи за контролирано тестирање преку Discord.

Иако ажурирањето на Claude звучи како добра вест за развивачите, ваквите безбедносни ограничувања на големите јазични модели сепак можат да бидат заобиколени од корисниците. Како алтернатива, корисниците на „vibe coding“ можат едноставно да се префрлат на таканаречените модели со „отворени тежини“ (open-weight), кои се бесплатни за користење и чии безбедносни ограничувања лесно може да се отстранат.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!