Frostpunk 2 со првиот Гејмплеј Трејлер

11 Bit Studios објави дека Frostpunk 2 ќе биде лансиран во првата половина на 2024 година на компјутер и доаѓа на PC Game Pass на Day 1, а подоцна во годината на Xbox Game Pass.

До крајот на 2024 година, играта ќе биде достапна на PC и Xbox Series X|S. Frostpunk 2 првпат беше претставена на 12 август 2021 година и ќе се одржи 30 години по „Големата бура“ од оригиналниот наслов.

Гејмплеј трејлерот можете да го погледнете подолу:

Играта се одвива 30 години по апокалиптичната снежна бура што се случи во Frostpunk. Земјата сè уште е обземена од бескрајниот мраз и суровата, ледена клима. Играте како водач на метропола гладна за ресурси каде што експанзијата и внатрешните конфликти се неизбежна реалност.

Од вас зависи дали ќе донесете одлуки за иднината на вашиот град и ќе се соочите со нивните последици. Во Frostpunk 2 можете да го изградите вашиот град на нова скала со создавање цели области со различни намени. Погрижете се сите делови на градот да соработуваат добро заедно, како и технологиите за истражување кои ќе ја одредат насоката за напредокот на вашите граѓани.

Во јуни 2023 година, беше објавено дека 11 Bit Studios потпиша нов договор за да ги донесе своите наслови на Xbox Game Pass. Друга игра на 11 But Studios, The Alters, исто така, сè уште се планира да биде објавена до крајот на 2024 година. Frostpunk 2 ќе биде лансиран подоцна во текот на годината на PlayStation 5 и Xbox Series X|S. Можете да ја посетите веб-страницата на Frostpunk 2 за повеќе информации.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!