Експанзијата на Atomic Heart: Trapped in Limbo пристигнува во февруари 2024

Вториот голем DLC за Atomic Heart треба да излезе во февруари следната година, потврдија Focus Entertainment и Mundfish.

Експанзијата Trapped in Limbo ќе биде пуштена во продажба на 6 февруари следната година и ќе ни донесе директно продолжение на приказната за оригиналната игра, со тоа што ќе ни претстави малку поинаков крај во однос на оној што ни понуди експанзија Annihilation Instinct.

Со новата експанзија ќе дојдат сосема нови делови од Trapped in Limbo, полни со големи предизвици и пречки пред кои ќе се најде главниот протагонист P-3 (или мајорот Сергеј Алексејевич Нечаев). Дел од тоа што не очекува во втората експанзија за овој хит можете да погледнете во трејлерот подолу.

Atomic Heart во моментов може да се игра на PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series X/S и PC, а може да ја најдете и во понудата Xbox Game Pass.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN