Од ентузијастички собири во гаража до традиција: Гоблин Друштвени Игри прославија 25 години

Морам овој текст да го започнам со тоа што ќе кажам дека овој GG.MK сајт постои благодарение на Гоблин Гејмс и Македонија има реномиран сајт за видеоигри веќе 5 години благодарение на Гоблин Гејмс! Пред пет години кога Гоблин го славеа својот 20 роденден и ја отвараа реновираната продавница јас имав можност да се запознаам со Гораст Цветковски кадешто го направивме првиот разговор за овој сајт, и сега ова го читате благодарение на тоа.

Но, од скромни ентузијастички собири во гаржата кај стариот цветен пазар спроти Музеј на Град Скопје, до препознатлива традиција што со години ги обединува љубителите на друштвените игри, Гоблин Друштвени Игри викендов одбележаа значаен јубилеј од 25 години постоење.

Она што има започнато како мала заедница од љубители што сакале да играат Magic: The Gathering, денес претставува важен дел од домашната гејмерска и поп-културна сцена, создавајќи простор за дружење, натпреварување, креативност и заедништво.

Сите можни игри со карти во Гоблин

Колку пати ти што го читаш ова си бил во Гоблин? Веројатно неколку пати, но со сигурност еден тон пати си бил да се прошеташ, да купиш нешто, да седнеш на муабет или веројатно да изиграш нешто. Да не се лажеме, не може да си дошол во Гоблин а да не си се заљубил во нешто за да можеш да заиграш.

Јас лично благодарение на Гоблин имав период кога сакав да ги искусам сите игри со карти, буквално сите што можат да се пробаат. Никогаш не бев фан на Друштевени игри, се уште не сум, но затоа сите можни игри со карти беа пробани. Најпријатно бев купен со Magic: The Gathering поради тоа што во Гоблин веднаш ти даваат Starter Deck што е бесплатен со D20 коцка и те седнуваат да те научат како се игра.

Но… Имаше еден момент кога се запознав малку подлабоко со „Hearthstone“. Е кога дојде Hearthstone за мене сите работи се променија! Ги баталив сите можни игри со физички карти, целосно дигитално се префрлив. И после дојде уште една голема отскочна даска за мене – Гоблин почнаа турнири во Hearthstone!

Што значи Гоблин за сите нас

Гоблин Гејмс не е само продавница, за многумина од нас е место што со години претставува дом на една посебна култура, простор каде што љубовта кон игрите, фантазијата, колекционерството и заедништвото живее на најискрен можен начин. Како прва, а и денес сè уште најголема продавница за друштвени игри од секаков тип кај нас, Гоблин Гејмс одамна го надмина значењето на обичен комерцијален простор и прерасна во вистинска институција за сите генерации ентузијасти и љубители на поп-културата.

Низ годините, токму таму се создадоа, растеа и се поврзуваа стотици различни заедници. За некого тоа било првиот допир со Magic: The Gathering, за друг првата партија Yu-Gi-Oh!, првата Dungeons & Dragons авантура, првиот Warhammer дуел, или пак првото вистинско чувство дека припаѓа некаде.

Светски првенства, државни првенства, турнири, Гејминг Викенди, претставување на музички фестивали, одење по саеми…

Нивната улога одамна ја надмина локалната рамка, бидејќи со децении активно ја поврзуваат македонската сцена со меѓународните текови, натпревари и заедници. Токму преку таа постојана посветеност, Гоблин Гејмс остави длабока трага во развојот на компетитивното и заедничкото играње во Македонија.

Еден од најсилните показатели за тоа е нивното долгогодишно присуство во светот на Magic: The Gathering, каде што со години учествуваат и се поврзани со највисоките натпреварувачки текови, вклучително и настапи и присуство на светското првенство. Тоа не е мала работа… Истото важи и за Yu-Gi-Oh!, каде што низ годините имаат реализирано и поддржано огромен број учества на турнири, настани и натпреварувачки собири.

Особено значајно е и тоа што неколку години по ред се организира Државното првенство во Catan, настан кој веќе има свое посебно место на домашната сцена на друштвени игри. Преку ова првенство, победникот добива можност да ја претставува Македонија на светското првенство, што на целиот настан му дава дополнителна тежина и престиж.

Но значењето на Гоблин Гејмс не се мери само преку големите натпревари и официјалните турнири. Напротив, еден од нивните најголеми придонеси е што со години наназад имаат организирано безброј настани посветени на играње друштвени игри, дружење, запознавање нови луѓе и ширење на оваа култура кај пошироката публика. Таквите настани биле место каде што многумина за првпат откриле некоја нова игра, стекнале ново друштво, влегле во нова заедница или едноставно нашле простор во кој се чувствуваат прифатени.

ГОБЛИН ЌЕ ЖИВЕЕ ВЕЧНО!

Гоблин Гејмс беше и остана местото каде што луѓето не доаѓаат само за да купат нешто, туку за да споделат искуство, страст, знаење и пријателство. Таму се создаваат нови познанства, се градат долготрајни пријателства и се формира чувство на заедница што ретко може да се најде на друго место.

Во суштина, Гоблин Гејмс значи многу повеќе од продавница и многу повеќе од бизнис. Гоблин е симбол на истрајност, пасија и љубов кон една култура што спојува луѓе. Тоа е место што помогна да се изгради сцена, да се едуцира публика, да се охрабрат нови генерации играчи и да се покаже дека друштвените игри, колекционерството и гиковската култура имаат свое силно, заслужено место и кај нас. За сите што некогаш поминале низ Гоблин Гејмс, тоа не е само име, тоа е спомен, заедница, традиција и чувство дека припаѓаш некаде!

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!