Креаторот на Saints Row смета дека франшизата е мртва

Saints Row

Крис Стокман, дизајн-директорот на првата Saints Row, сподели нова информација што е разочарувачка за фановите на серијалот.

Последен пат кога слушнавме нешто за Saints Row, Стокман кажа дека бил замолен да подготви питч за приквел на серијалот. Тогаш рече дека неговите соништа се малку поблиску до остварување. Но, во неговото најново ажурирање, се чини дека верува оти франшизата во целина е нешто што припаѓа на минатото.

Крис Стокман смета дека Embracer нема никаква способност да направи нешто со Saints Row
Нема нова Saints Row игра од 2022 година. Одговарајќи на корисник на Discord, Стокман рече дека верува оти франшизата е мртва. Потоа ја изрази својата уверување дека Embracer, матичната компанија што го поседува Saints Row IP-то, нема никаква способност да направи нешто со него, и додаде дека по неговите обиди да понуди пат напред — едноставно престанале да му одговараат.

„Мислам дека франшизата е мртва, за жал. Имам чувство дека Embracer има нула способност да направи нешто со неа. Би сакал работите да беа поинакви. Се обидов најдобро што можев да понудам пат напред, но ме ‘ghost’-наа“, рече тој.

Ставот на Стокман за GTA 6

Saints Row некогаш се гледаше како алтернатива на Grand Theft Auto. GTA 6 сè уште е на пат и е најочекуваната игра од својата генерација.

Крис Стокман претходно изјави дека смета оти претстојниот наслов од Grand Theft Auto би заслужувал цена од 100 долари.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!