WhatTheStack 2026 по третпат ја обединува технолошката заедница во Скопје

Повеќе од 40 домашни и меѓународни предавачи, една недела, пет паралелни сцени и програма посветена на вештачката интелигенција, софтверот, веб-технологиите, инфраструктурата и сајбер-безбедноста 

Од 14 до 19 септември, Скопје повторно ќе биде центар на домашната и европската технолошка заедница. Третото издание на интернационалната конференцијата WhatTheStack 2026 ќе понуди шестдневна програма исполнета со предавања, практични работилници, специјализирани технолошки настани и можности за поврзување и размена на знаење на повеќе локации.

Програмата започнува уште на 14 септември со работилници и помали конференции меѓу кои pre-DevFest во организација на Google Developers Group Skopje, MAUI Day кој се одржува за првпат во нашата земја, како и Angular Day, организиран со поддршка од локалната и меѓународната Angular-заедница.

Главниот конференциски ден ќе се одржи на 19 септември на Техничкиот кампус на УКИМ, во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет.

На пет паралелни сцени, три надворешни и две внатрешни, повеќе од 40 домашни и меѓународни предавачи ќе зборуваат за вештачка интелигенција и машинско учење, веб-развој, cloud и инфраструктура, DevOps, сајбер-безбедност, софтверска архитектура, алатки за програмери, open-source технологии, кариерен развој и инженерска култура.

Меѓу предавачите се звучни имиња од IT светот како што се Gerald Versluis од Microsoft, Elena Kolevska од Redis, Alexander Lichter од VoidZero и Nuxt, Santosh Yadav од CodeRabbit, веб-експертот и Google Developer Expert Ramona Schwering, како и познати имиња од домашната технолошка сцена, меѓу кои Igor Trajkovski, основач на Time.mk, Wekoslav Stefanovski, Stefan Andonov, Bojan Jakimovski, Miroslav Janeski и други.

Предавањата ќе обработуваат теми како функционирањето на големите јазични модели, начинот на кој AI-агентите го восприемаат контекстот, иднината на софтверските алатки, развојот со JavaScript, веб-безбедноста и промените што вештачката интелигенција ги носи во секојдневната работа на инженерите.

„Нашата цел е WhatTheStack да биде место каде што луѓето ќе ги слушнат најголемите новости во развојот на софтверот, ќе разменат идеи и ќе се почувствуваат како дел од заедницата. Сакаме конференција што е сериозна во однос на содржината, но останува отворена, неформална и достапна за сите“.

Изјава од организаторите

Покрај предавањата и работилниците, главниот конференциски ден ќе понуди изложбен простор за компании и технолошки организации, гејминг зона, катчиња за храна и кафе, простор за дружење, како и забава на отворено по завршувањето на официјалната програма.

WhatTheStack е конференција создадена од инженери за инженери, но е отворена за сите што се заинтересирани за технологијата, без разлика дали се искусни професионалци, студенти, основачи на стартапи, истражувачи или луѓе што допрва ја започнуваат својата кариера. Организирана од Base42, DeveD и Angular Macedonia, со поддршка од над 50 IT заедници, факултети, компании и организации кои придонесуваат кон развојот на домашната и светската технолошка сцена.

„Со овој настан, кој минатата година собра повеќе од 800 луѓе од IT индустријата, сакаме да ја позиционираме нашата земја на светската IT сцена. Да покажеме дека ние  имаме квалитетни професионалци, силни технолошки заедници и култура на соработка која може да создава настани со меѓународен квалитет и значење. WhatTheStack не е само конференција, туку заедничка платформа преку која локалното знаење, талент и потенцијал можат да станат повидливи пред регионот и светот.“

Изјава од организаторите

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!