Skopje ’83 – Рецензија

Skopje '83

Играта “Skopje ’83” од Македонското студио Dark-1 после долги години спремање и чекање официјално е достапна за сите!

Една од оние игри што уште од првиот момент ти кажува „ова не е само шутер“ ова е „Skopje ’83“. Не затоа што има пукање (го има, и тоа како), туку затоа што те учи како да го гледаш светот, да учиш од грешките, да запомнуваш детали, и да живееш со последиците од своите избори во град што е всушност нашиот, ама и дали е?

Како и сите игри од Roguelite жаброт, ова е игра што ја носиш со себе и кога ќе завршиш во моментот со играње, си ги носиш сите забелешки во глава, со планови за следната тура, со нервоза дека можеби пропуштил некоја врата или не си отворил нешто некаде. Играта е во прво лице, отворен свет, survival со roguelite елементи. Во практика, тоа значи дека циклусот „влегувам, истражувам, грешам, умирам, учам, и повторно пробувам“ е градивниот елемент на искуството.Во играта немате класични насоки, повеќето цели и мисии не ти излегуваат со големи стрелки на екранот, туку ги откриваш преку истражување, преку записи и внимателна “прошетка” низ градот.

Ако си играч што сака да биде воден за рака, ова не е за тебе. Ако уживаш да истражуваш одново и одново, што би рекле американците “Buckle up for the Ride”. Уште на старт, играта те става во кожата на ликот познат како Pioneer, разбуден од крио-сон со гласот на Ана што ти шепоти преку радио. Кога првпат ќе згрешиш (а ќе згрешиш), играта те ресетира.

Само што и ти и Ана се сеќавате. Играта технички те казнува, но сепак тоа може да се сфати на начин и учење да се стане подобар. Градот е непријателски, луѓето не се луѓе, а над сè виси сенката на нуклеарна закана што е предвидена за 7 дена.

На пат ќе чуеш имиња како Весна, Металски, Теофан и Ева, научници што, секој на свој начин, се обидуваат да го спасат светот. Клучно за опстанокот се четирите базични состојби: глад, жед, сон и сила. Овие не се козметики, туку вистински механички кочници кога ќе ги занемариш. Ако огладнуваш, максимумот на здравје се сналува (помалку Health). Ако ожедниш, нема да можеш да трчаш брзо. Ако не спиеш, екранот ќе ти стане црн.

За мене, најдобриот дел е што играта те тера да планираш релација меѓу „сакам да истражувам уште оваа зграда“ и „ако не пијам вода сега, следната престрелка ќе ја платам скапо“. Тука нема бесплатен адреналин. Срцето на експедиција е DOM, еден стар градски помал автобус, нешто што и на вистинското Скопје му треба.

Сè што ќе оставиш внатре, оружја, муниција, материјали, тие преживуваат меѓу нови играња. Можеш да го полниш и поправиш на бензински пумпи, па дури и да го телепортираш до нив за симболична цена кога ќе се најдеш на спротивниот крај на градот. Крафтањето не е додаток, тоа е моторот на прогресот. Тука не станува збор само за мали надградби, станува за сериозни појачувања што важат ди самиот крај!

Паралелно, изработуваш алатки, муниција, хакерски уреди, активни и пасивни Utilities. Градот дише и со мали настани, што се појавуваат на одредени локации, со мала наградна кутија во близина. Некојпат се ризик без награда, другпат те спасуваат во најлош момент.

Дали „Skopje ’83“ е лесна игра? Не. Но е фер со сите. Те учи да гледаш, да читаш простор, да правиш приоритети и да плаќаш разумна цена кога ќе погрешиш. Најубавото, барем за мене, е што после неколку часа, ти се менува погледот на градот: локации што претходно ти биле „тешки“ одеднаш стануваат лесни, белешките во дневникот ти стануваат патокази, а DOM се чувствува како дом на тркала. И кога конечно ќе сфатиш како се отвора некоја загатка, чувството е чиста, тивка победа.

Нема да навлегувам подлабоко во приказната, таа е подобра кога ја откриваш сам со сопствени очи и уши. Ќе кажам само вака: „Skopje ’83“ е игра што не те третира како статист, туку како истражувач. Не те моли да останеш, те провоцира да се вратиш…

Заклучок? „Skopje ’83“ е редок микс од survival со Roguelite елементи и истражувачка радост. Го почитува твоето време со перзистентни награди, но и ти бара фокус и трпение. Не е игра за „една вечер, една приказна“, туку за викендите кога сакаш да решаваш простор, не само да го „чистиш“. Ако влегуваш, носи вода, храна и добра тастатура. Остатокот, ќе го најдеш сам, зад некој виолетов автомат, во темен ходник, или во DOM додека го планираш следниот чекор. И токму таму, меѓу грешката и планот, „Skopje ’83“ блеска.

И искрено дечки, по читање на оваа кратка рецензија едноставно треба да одите на Steam и да си ја купите сите играта! Се работи за сума од само симболични 15 евра коишто место да ги потрошите на некоја глупост, дај те им ги на девеолоперите да можат се повеќе да прават игри во иднина! Само така се подржува Гејм Дев индустријата во Македонија за да ја напраивме на поголемо ниво!

МАРКЕТИНГ

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!