Следната игра на Hi-Rez Studios е SMITE 2

Откриено е дека датамајнерите, наводно, откриле јасни докази што укажуваат на претстојната најава за Smite 2, продолжение на MOBA жанрот од трето лице, кое што е издадено во далечната 2014 година! 10 години Smite!

Откако беше објавено пред речиси една деценија, Smite одржува постојана публика, дури и ако никогаш не се приближила до големината на League of Legends или Dota 2 во жанрот на MOBA игрите.

Боговите на Smite 2

На Рускиот Steam сервис, наводно се појави објава во која се зборува за Smite 2 – но, таа објава беше премногу брзо тргната поради некои одредени причини. Тие причини нормално се дека Hi-Rez Studios не сакаа нивната игра да не биде протечена на интернет.

На друго место, посветените датамајнерите ископаа референци во Smite за „Smite 2 Founders Pack“. На smitedatamining.com се тврдеше дека овој пакет ќе биде достапен за време на роденденскиот настан на Smite во 2024 година, кој се паѓа на 25 март. Десеттото издание на турнирот на Светското првенство во играта во Атланта, Џорџија.

Како бесплатна, достапна MOBA за играње со некои уникатни, иновативни карактеристики, Smite без напор забавува стотици илјади гејмери речиси десет години. Сè уште не е познато како ќе изгледа „Smite 2“, како на пример дали ќе ја „промени“ првата игра, но времето најверојатно ќе покаже… Промиени во стилот на CS2 и Overwatch 2.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

PlayStation и LEGO објавија дека ќе издадат LEGO сет поврзан со PlayStation 1 во декември 2026 година. Конзолата протече претходно оваа година, но сега е официјална.

Сетот ќе го има нумеричкиот код (72306) и ќе содржи 1911 парчиња, а кога ќе биде достапен во декември, ќе има цена од 159,99 долари. Официјалните информации од блогот на PlayStation гласат:

„Денес на State of Play, го споделивме првиот поглед на сосема нова соработка со LEGO Group – LEGO PlayStation – која ги слави игрите, искуствата и чувствата на игра што ги споделуваме како заедница повеќе од 30 години.

За прв пат, играчите и LEGO фановите ќе можат да создадат LEGO реплика на оригиналната PlayStation конзола и PlayStation контролер. Цигла по цигла, овој сет од 1.911 парчиња претставува размер од речиси 1:1 на конзолата, со димензии од 10,5 инчи / 26 см ширина кога е целосно склопен.

За да го оживееме овој сет, тесно соработувавме со LEGO дизајнерите за да создадеме искуство на градење кое е инспирирано од потеклото на PlayStation. При градењето на сетот, играчите ќе забележат скриени детали од историјата на PlayStation и референци на две иконски игри што беа лансирани на оригиналната PlayStation конзола, Ape Escape и Gran Turismo. Секоја диорама содржи елементи што можат да се прилагодат – Gran Turismo вклучува минијатурна патека со намалени автомобили, додека диорамата Ape Escape има носталгична островска сцена со заменлива сина боја.“ или црвено светло на шлемот на мајмунот. Интерактивниот сет има функционални механизми за копчињата за вклучување и отворање на конзолата, контролер што може да се приклучи на конзолата и можност за отстранување на обете диорами од играта за да можат да се прикажуваат одделно.

LEGO PlayStation ќе биде достапен директно од PlayStation на direct.playstation.com почнувајќи од 1 октомври 2026 година, во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Италија, Шпанија и Португалија.

Сетот ќе биде достапен и од 1 октомври 2026 година, за LEGO Insiders Early Access и за сите преку LEGO.com и LEGO Stores од 4 октомври 2026 година. Препорачаната малопродажна цена (RRP) е 179,99 американски долари | 159,99 евра | 139,99 британски фунти | 27.980 јени (вклучувајќи данок).

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!