Clair Obscur: Expedition 33 беше критички пофален хит во 2025 година. Воедно, тоа беше и дебитантското издание на францускиот тим за развој на видеоигри Sandfall Interactive.
Сега, откако имаа време да размислат за работата што беше вложена во успешниот RPG, повисоките членови на тимот ја фалат својата екипа што направила толку сакана игра.
Развивачите на Clair Obscur: Expedition 33 ги откриваат скриените придобивки од неискусен кадар
Во неодамнешно интервју за Edge Magazine (преку GamesRadar+), главниот дизајнер на играта, Мишел Нора, објасни дека една од придобивките од работа со помлад кадар била недостатокот на очекувања за тоа какво треба да биде едно студио и како треба да се прави игра.
„[Помладиот кадар] немаше никакви очекувања за тоа како треба да се води едно студио и како треба да се направи една игра, и донесе свежи идеи што беа многу вредни за остатокот од проектот. Така, на крајот испадна дека тоа беше добра одлука, но на некој начин беше и на сила, бидејќи е речиси невозможно да вработиш сениор луѓе ако немаш пари, а тие ги немаше на почетокот.“
И продуцентот на играта, Франсоа Нерис, се надоврза, велејќи дека работата со толку млад тим значела дека во проектот не биле донесени лоши навики од други гејминг компании, а тимот имал и придобивка од тоа што учеле заедно, едни со други.
„[Ние] се обидувавме да создадеме нешто ново, па дури и нови вештини, од нула. Би рекол дека практично ја работевме работата двојно, затоа што правевме работи за првпат на толкава скала. [Но имавме] можност да истражуваме и да ги примениме најдобрите практики. Исто така многу работев на соработка и размена на [идеи] со други тимови во Франција, како и во Монпелје, каде што се базирани многу други инди студија. Оваа индустрија ми е одлична — толку е соработувачка меѓу компаниите, наместо конкурентска. Многу добивме од споделувањето искуства.“













