Играта ATOMFALL доби нов трејлер

Девелоперите од Rebellion објавиja сосема нов трејлер за претстојната акциона сурвајвл игра, Atomfall. Во овој трејлер, играчите добиваат увид во различните поставки и пејзажи во играта, додека истовремено учат што да очекуваат додека играат.

„Овој дел од северна Англија опфаќа сè, од отворени мочуришта, нерамни ридови, густи шуми и сликовитото англиско село Виндхам,“ вели Rebellion. „Но внимавајте, ова е опасен и непријателски предел исполнет со банди ограбувачи, полудени култисти и необјасниви хорори.

„Дури и локалниот животински свет претставува огромна закана за вашиот живот. Доколку сакате да го истражите овој свет и да преживеете, ќе мора да се борите за својот живот и да собирате ресурси.“

Atomfall пристигнвуа на 27 март и ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и PC. Играта исто така ќе биде достапна на првиот ден преку Xbox Game Pass уште на првиот ден. Во неговата летна прегледна анализа за играта, Grant Taylor-Hill од Insider Gaming зборуваше за тоа како интеракцијата со ликовите во играта може да го промени целокупното искуство.

„Ако се приближите премногу до фракција што не ви верува, ќе бидете нападнати прилично брзо,“ рече тој. „Во разговорите, можете да изберете помеѓу неколку опции, од кои секоја води во различна насока. Доколку сакате да бидете подискретни, ќе ги направите непријателите нервозни, а ако влезете со оружје во рака, ќе ја свртите целата војска против себе.“

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Се чини дека инвестициски фондови разгледувале можност за купување на XBOX и ја процениле вредноста на компанијата на меѓу 100 и 150 милијарди долари.

Откако компанијата се соочи со неколку недели отпуштања, затворања на студија и откажувања на проекти, многумина почнаа да шпекулираат за можноста XBOX да биде продаден. Сепак, извршната директорка Аша Шарма потврди дека „XBOX не е на продажба“. Иако шпекулациите за продажба беа демантирани, се чини дека други компании ја разгледувале можноста за купување на гејминг-дивизијата.

Инвестициски фондови разгледувале купување на XBOX за сума меѓу 100 и 150 милијарди долари

Неодамнешен извештај на The Information, пренесен преку Windows Central, наведува дека инвестициски фондови го процениле XBOX на меѓу 100 и 150 милијарди долари додека разгледувале потенцијално купување на гејминг-дивизијата на Microsoft. Сепак, во извештајот се наведува дека разговорите биле „краткотрајни“ и „истражувачки“ и дека не довеле до преговори. Да потсетиме, XBOX ја купи Activision Blizzard пред неколку години за сума од речиси 70 милијарди долари.

Сепак, фановите можат да бидат спокојни, бидејќи актуелната извршна директорка нема планови за продажба на компанијата. Шарма изјави дека се подготвени да направат „сè што е потребно за да ја постават компанијата на патот кон успехот“. Откако таа ја презеде функцијата, компанијата веќе направи многу промени: го лансираше XP за да ги прошири франшизите во други медиуми, го најави XBOX Labs, нова дивизија што ќе истражува нови технологии, и многу повеќе.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!