Играта ATOMFALL доби нов трејлер

Девелоперите од Rebellion објавиja сосема нов трејлер за претстојната акциона сурвајвл игра, Atomfall. Во овој трејлер, играчите добиваат увид во различните поставки и пејзажи во играта, додека истовремено учат што да очекуваат додека играат.

„Овој дел од северна Англија опфаќа сè, од отворени мочуришта, нерамни ридови, густи шуми и сликовитото англиско село Виндхам,“ вели Rebellion. „Но внимавајте, ова е опасен и непријателски предел исполнет со банди ограбувачи, полудени култисти и необјасниви хорори.

„Дури и локалниот животински свет претставува огромна закана за вашиот живот. Доколку сакате да го истражите овој свет и да преживеете, ќе мора да се борите за својот живот и да собирате ресурси.“

Atomfall пристигнвуа на 27 март и ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и PC. Играта исто така ќе биде достапна на првиот ден преку Xbox Game Pass уште на првиот ден. Во неговата летна прегледна анализа за играта, Grant Taylor-Hill од Insider Gaming зборуваше за тоа како интеракцијата со ликовите во играта може да го промени целокупното искуство.

„Ако се приближите премногу до фракција што не ви верува, ќе бидете нападнати прилично брзо,“ рече тој. „Во разговорите, можете да изберете помеѓу неколку опции, од кои секоја води во различна насока. Доколку сакате да бидете подискретни, ќе ги направите непријателите нервозни, а ако влезете со оружје во рака, ќе ја свртите целата војска против себе.“

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Правилото на XBOX за четиридневна работа од канцеларија стапува на сила на 1 февруари 2027 година за вработените во регионот Пјџет Саунд кои живеат на оддалеченост до 50 милји од Студио Д, според нов извештај.

Главната директорка за човечки ресурси на XBOX, Џасинда Числум Пирсон, го издала меморандумот што го објави The Verge. Во меморандумот се наведува дека новата политика е одговор на повратните информации од вработените и има цел да поттикне поголема соработка во живо. Идејата е дека близината меѓу вработените ќе го олесни разгледувањето на работата, решавањето проблеми и донесувањето одлуки.

Правилото на XBOX за четиридневна работа од канцеларија важи во радиус од 50 милји

Мајкрософт претходно побара од своите вработени да се вратат во канцелариите три дена неделно во 2025 година. Сега го зголеми тоа барање за уште еден ден, наведувајќи дека илјадници вработени живеат на растојание погодно за секојдневно патување до Редмонд, Вашингтон.

„Почнувајќи од 1 февруари 2027 година, вработените во Xbox во регионот Пјџет Саунд кои живеат на оддалеченост до 50 милји од Студио Д ќе мора да работат од канцеларија најмалку четири дена неделно“, наведува Џасинда Числум Пирсон, главната директорка за човечки ресурси на Xbox, во интерниот меморандум. „Имаме илјадници вработени во Xbox на растојание погодно за секојдневно патување до Редмонд. Искористувањето на таа близина и заедничката работа во живо го олеснуваат разгледувањето на работата, решавањето проблеми и донесувањето одлуки без потреба од закажување уште еден состанок.“

XBOX продолжува со своите промени, надевајќи се дека ќе се врати на профитабилност во фискалната 2027 година. Конзолата XBOX од следната генерација го носи кодното име Project Helix. Неодамнешните извештаи сугерираат дека конзолата би можела да чини 1.800 долари. Сепак, следната голема конзола не се очекува пред 2028 година, иако рачна конзола од гејминг-секторот на Мајкрософт би можела да пристигне во 2027 година.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!