Oblivion Remastered пристигнува во август на Switch 2

Датумот на објавување на The Elder Scrolls 4: Oblivion Remastered за Switch 2 е откриен со нов необичен трејлер.

Bethesda објави претходно оваа година дека Oblivion Remastered ќе биде објавен за најновата конзола на Nintendo во 2026 година, бидејќи Switch 2 има за цел да ја прошири својата поддршка од трети страни.

Најновото ажурирање потврдува дека играчите ќе треба да чекаат само помалку од два месеци за претстојното портирање.

На крајот од новиот трејлер за откривањето на датумот на The Elder Scrolls IV: Oblivion Remastered за Switch 2, потврдено е дека играта ќе биде објавена на 11 август 2026 година.

Трејлерот го прикажува еден од ликовите во играта, Обожавателот, кој следи личност во реалниот живот и хумористично коментира за сите негови грешки.

На крајот, играчот се нервира од присуството на Обожавателот. Сепак, тој сфаќа дека единствениот начин да се ослободи од несмасниот глупак е со играње на играта.

Верзијата на Oblivion Remastered за Switch 2 ќе има уникатни контроли на движење што ги ставаат играчите директно во акцијата. Играта исто така доаѓа со ажурирани модели на ликови, оружја, камења, слатки ролни и многу повеќе, со обновени борбени анимации за модерен допир.

Исто така, ја вклучува основната игра и проширувањата на приказната Shivering Isles и Knights of the Nine, заедно со DLC како Fighter’s Stronghold, Spell Tomes, Vile Lair, Mehrune’s Razor, The Thieves Den, Wizard’s Tower, The Orrery и Horse Armor Pack за да им помогне на играчите да останат потопени подолго.

МАРКЕТИНГ

Игрите на Electronic Arts, како Mass Effect, Dragon Age и The Sims, со години вклучуваат истополови романтични врски, но преземањето на компанијата од страна на приватниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF), Affinity Partners на Џаред Кушнер и инвестицискиот фонд Silver Lake ги промени работите. На пример, на физичкото издание на The Sims 2 се прикажани различни Симс-ликови во неколку пози, меѓу кои и пар што се бакнува и вонземјанин. Во Саудиска Арабија, насловната илустрација била целосно изменета, па на неа биле прикажани неколку машки Симс-ликови со безизразни лица.

Преземањето на EA од страна на приватни инвестициски фондови предизвика загриженост кај илјадници обожаватели кои се залагаат за правата на ЛГБТК-заедницата. Многумина стравуваа за иднината на BioWare, не само поради неодамнешните проблеми на студиото, туку и поради неговиот прогресивен пристап кон видеоигрите. Иако ова не било причината за затворањето на BioWare, се чини дека EA и претходно барала од развивачите да ги ублажат ваквите теми за време на развојот на сега откажаната игра Mass Effect Universe.

Поранешни вработени во BioWare разговарале со новинар на француската телевизија BFM TV и откриле интересни детали за развојот на новата, откажана игра од серијалот Mass Effect. Еден од вработените, кој зборувал анонимно, изјавил дека новото раководство не било особено убедено во проектот Mass Effect Universe.

„Мислам дека видеопрезентациите што му ги прикажавме на новото раководство не беа убедливи“, објаснил вработениот. „Особено затоа што BioWare е познато по инклузивното раскажување приказни, што не помогна да се отстранат сомнежите.“

Анонимниот извор навел и конкретен случај во кој од развивачите било побарано да отстранат одредено знаме од презентациско видео бидејќи „премногу личело на знамето на ЛГБТКИА+ заедницата“. Целта, според барањето, била „да не се навреди никого“.

Во интервјуто не е наведено кој точно побарал да се отстрани знамето, ниту дали развивачите го исполниле барањето.

Темите и приказната во Mass Effect оставија силен впечаток кај многу играчи, вклучително и кај припадниците на маргинализираните заедници, кои во вселенскиот брод Нормандија и неговиот екипаж наоѓале безбедно прибежиште. Иако откажувањето на проектот од страна на EA е разочарувачко, уште полошо ќе било доколку компанијата го уништела она што BioWare со години се трудела да го изгради.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!