Студиото зад играта „Wildgate“, Moonshot е погодено со многу отпуштање

Студиото зад познатата игра Wildgate, Moonshoot, потврди големи отпуштања од нивното студио, како што објави неговата матична компанија, Dreamhaven.

Неоткриениот број на отпуштања доаѓа откако научно-фантастичната игра никако не успеа да се пробие на пазарот уште од јули 2025 година кога првпат беше објавена.

Во изјава дадена до Game Developer, Dreamhaven изјави дека и покрај тоа што Wildgate беше лансирана во Epic Games Store на почетокот на 2026 година и забележа зголемување на бројот на играчи, Dreamhaven беше принуден да донесе тешка одлука во обид да се осигури дека може да продолжи да ја ажурира играта и да работи на начини за долгорочна поддршка на студиото.

„И покрај зголемувањето на бројот на играчи и целокупниот позитивен прием, тоа не беше доволно за да се одржи големината на нашиот тим за развој. Затоа донесовме тешка одлука да ги намалиме улогите во тимот за да се осигуриме дека можеме да продолжиме да испорачуваме ажурирања на играта, а воедно да работиме на начин што го поддржува студиото на долг рок. Остануваме фокусирани на следното ажурирање на содржината на Wildgate, кое воведува повеќе подобрувања на квалитетот на животот, вклучувајќи го и многу бараниот систем за прогресија, кој очекуваме да дојде подоцна во овој квартал.“

Dreamhaven исто така мораше да направи намалувања во септември 2025 година; во тоа време, тие во голема мера влијаеја на издавачкиот тим. Еден месец претходно, беше објавено дека играта продала само единици за 130.000 долари; сега, може да се игра бесплатно во продавницата на Epic Games.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!