Играта ATOMFALL доби нов трејлер

Девелоперите од Rebellion објавиja сосема нов трејлер за претстојната акциона сурвајвл игра, Atomfall. Во овој трејлер, играчите добиваат увид во различните поставки и пејзажи во играта, додека истовремено учат што да очекуваат додека играат.

„Овој дел од северна Англија опфаќа сè, од отворени мочуришта, нерамни ридови, густи шуми и сликовитото англиско село Виндхам,“ вели Rebellion. „Но внимавајте, ова е опасен и непријателски предел исполнет со банди ограбувачи, полудени култисти и необјасниви хорори.

„Дури и локалниот животински свет претставува огромна закана за вашиот живот. Доколку сакате да го истражите овој свет и да преживеете, ќе мора да се борите за својот живот и да собирате ресурси.“

Atomfall пристигнвуа на 27 март и ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и PC. Играта исто така ќе биде достапна на првиот ден преку Xbox Game Pass уште на првиот ден. Во неговата летна прегледна анализа за играта, Grant Taylor-Hill од Insider Gaming зборуваше за тоа како интеракцијата со ликовите во играта може да го промени целокупното искуство.

„Ако се приближите премногу до фракција што не ви верува, ќе бидете нападнати прилично брзо,“ рече тој. „Во разговорите, можете да изберете помеѓу неколку опции, од кои секоја води во различна насока. Доколку сакате да бидете подискретни, ќе ги направите непријателите нервозни, а ако влезете со оружје во рака, ќе ја свртите целата војска против себе.“

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

LEGO Skylines е најавен како нова игра за градење од Iceflake Studios и Paradox Interactive, претставена на Gamescom 2026.

Градењето отсекогаш било централно за LEGO франшизата, па затоа не е изненадување што е во тек изработка на игра за градење. Сега знаеме дека ќе биде објавена на PC, Sony PlayStation 5, Nintendo Switch 2 и семејството конзоли Xbox Series.

LEGO Skylines им овозможува на играчите да создадат град во нов градител од Iceflake Studios и Paradox Interactive, откриен на Gamescom 2026.

Во соопштение за медиумите, тимот на Iceflake Studios објасни дел од визијата зад проектот.

Со LEGO Skylines, сакаме да го претвориме градењето градови во поперсонално искуство, каде што само вашата имагинација ограничува каков вид градови можете да изградите. Едвај чекаме да видиме како играчите ги остваруваат своите соништа во неа.

Претставниците на LEGO, исто така, детално објаснија што значи оваа игра за нивниот бренд во иднина.

Заедно со Paradox Interactive и Iceflake Studios, го донесовме LEGO искуството во еден од најомилените жанрови за игри во светот. Од самиот почеток, нашата амбиција не беше само да направиме LEGO градител на градови, туку да создадеме игра што се смета за меѓу најдобрите во жанрот. Без разлика дали играчите сонуваат да изградат жива метропола, необичен крајбрежен град или нешто што никој досега не го замислил, LEGO Skylines им дава креативна слобода и длабочина за да го остварат тоа.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!