Играта ATOMFALL доби нов трејлер

Девелоперите од Rebellion објавиja сосема нов трејлер за претстојната акциона сурвајвл игра, Atomfall. Во овој трејлер, играчите добиваат увид во различните поставки и пејзажи во играта, додека истовремено учат што да очекуваат додека играат.

„Овој дел од северна Англија опфаќа сè, од отворени мочуришта, нерамни ридови, густи шуми и сликовитото англиско село Виндхам,“ вели Rebellion. „Но внимавајте, ова е опасен и непријателски предел исполнет со банди ограбувачи, полудени култисти и необјасниви хорори.

„Дури и локалниот животински свет претставува огромна закана за вашиот живот. Доколку сакате да го истражите овој свет и да преживеете, ќе мора да се борите за својот живот и да собирате ресурси.“

Atomfall пристигнвуа на 27 март и ќе биде достапна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и PC. Играта исто така ќе биде достапна на првиот ден преку Xbox Game Pass уште на првиот ден. Во неговата летна прегледна анализа за играта, Grant Taylor-Hill од Insider Gaming зборуваше за тоа како интеракцијата со ликовите во играта може да го промени целокупното искуство.

„Ако се приближите премногу до фракција што не ви верува, ќе бидете нападнати прилично брзо,“ рече тој. „Во разговорите, можете да изберете помеѓу неколку опции, од кои секоја води во различна насока. Доколку сакате да бидете подискретни, ќе ги направите непријателите нервозни, а ако влезете со оружје во рака, ќе ја свртите целата војска против себе.“

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Конан Варваринот успеа да остане релевантен во поп-културата повеќе од 90 години, благодарение на литературата, филмот и видеоигрите. Во 2028 година, Конан ќе се врати во нова авантура која ги комбинира темите на меч и магија од фантастичната франшиза со примеси на космички хорор.

Развивачот Games Farm во средата ја најави играта Conan: The Black Pyramid, откривајќи акциска roguelike игра во која реалноста се искривува, а Конан ќе се здружи со други ликови создадени од авторот Роберт Е. Хауард, меѓу кои и пулп-хероите Соломон Кејн и Дарк Агнес.

Според најавата од Games Farm, Конан, Соломон Кејн, Дарк Агнес и уште двајца засега неоткриени херои „се будат во Црната пирамида, лавиринт кој ги игнорира правилата на просторот и времето и се менува со секое спуштање“. Conan: The Black Pyramid е акциска RPG roguelike игра, а секое поминување низ пирамидата ветува дека ќе ги приближи играчите до откривањето кој ги повикал низ времето… и зошто.

Conan: The Black Pyramid ветува комбинација од борба одблиску, мечување, магија и борба со огнено оружје. Играта ќе има можност за играње во еден играч и кооперативно играње за двајца играчи.

„Возбудени сме што враќаме легендарен херој како Конан во современиот свет на видеоигрите“, изјави Питер Наѓи, извршен директор на Games Farm, во соопштение. „Приказните на Роберт Е. Хауард ни значат многу, исто како и на генерации читатели, и им пристапуваме со сета грижа и почит што ги заслужуваат. Сакаме играчите да зачекорат во светот што го замислувале додека ги читале тие приказни, во сета негова сурова и чудна слава.“

„Елдричките ужаси, магијата што ја искривува реалноста, древните суштества од други светови – овие помалку познати аспекти се едни од најкул деловите на Конан, а играчите конечно ќе можат да ги доживеат“, додаде Маркос Кронандер, претседател на Heroic Signatures, компанијата која ги поседува лиценцните права за брендот Конан. „Конан и многуте други моќни ликови на Роберт Е. Хауард се во добри раце со Games Farm и возбудени сме што играчите ќе можат да ги испробаат и да видат колку навистина се кул.“

Хауард е можеби најпознат по своите дела од жанрот меч и магија, во кои се појавуваат ликови како Конан, Кул, Соломон Кејн и Бран Мак Морн. Но, авторот работел во различни жанрови, вклучувајќи детективски приказни, хорор и вестерни, како и комбинации од тие жанрови. Conan: The Black Pyramid би можела за првпат во форма на игра да обедини див и интересен спој од хероите и необичните ликови на Хауард.

Conan: The Black Pyramid е планирана за издавање во 2027 година за Windows PC преку Steam, каде што играта може да се додаде на листата на желби. Се очекува верзиите за конзоли да следат по објавувањето на PC верзијата.

Арнолд Шварценегер објави претходно оваа година дека се враќа во улогата на Конан во King Conan, за која вели дека ќе ја напише и режира Кристофер Мекквари, кој ги направи последните четири филмови од серијалот Mission: Impossible. Според изјавите на Шварценегер, проектот е во фаза на развој во 20th Century Studios, дел од Disney.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!