Valve ги забрани сите игри на Steam кои ги принудуваат играчите да гледаат реклами
Valve воведе нови правила во врска со рекламирањето, експлицитно забранувајќи игри што ги принудуваат играчите да гледаат реклами во игра, пренесува медиумот Еурогејмер. Новите правила на Valve – достапни онлајн и првично објавени од Gaming on Linux – потврдуваат дека, иако вкрстеното промовирање и поставувањето производи се дозволени, игрите што ги принудуваат играчите да гледаат