MCM Comic Con London 2024
На аџилак во гиковската Мека Тешко е да се опише со зборови чувството кога еден изгорен гик/нерд како мене ќе стапне за прв пат во Ексел центарот во Лондон на ‘Comic Con 2024’, кој се одржа викендов (24-26 мај). Кога ќе влезете во огромната хала преполна со илјадници други сродни забегантуси ве обзема неверојатна радост