Roblox официјално се забрани во Турција поради загриженост за експлоатација на деца.
Во изјавата објавена денес на Твитер, министерот за правда Јилмаз Тунч изјави дека пристапот до играта и нејзините сервери се целосно блокирани на нивната територија, и шансите да се вратат би биле премали.
Платформата за игри наречена Roblox и нејзините сервери, поради содржината што ќе предизвика злоупотреба на деца, беа испитани од 6-тиот кривичен суд за мирот во Адана во рамките на истрагата спроведена од страна на Главното јавно обвинителство во Адана. Во рамките на прашањата наведени во „Законот за регулирање на публикациите направени на Интернет и борбата против криминалот извршен преку овие публикации, серверите се блокирани.
Официјалното обраќање на Турскиот Министер за правда Јилмаз Тунч
Не треба да се заборави дека Република Турција е правна држава. Според нашиот Устав, нашата држава е должна да ги преземе неопходните мерки за да обезбеди заштита на нашите деца.
Должност на сите е да ги заштитиме и поддржуваме најдобрите интереси на нашите деца, кои се гаранција за нашата иднина.
Турција е една од земјите која внимателно ги следи случувањата во светот и на најдобар начин ја користи технологијата. Сепак, користењето на технологијата негативно никогаш не е прифатливо.
Секој што мисли за иднината на нашата земја и нашата нација и е на одговорна позиција, треба чувствително да пристапи кон ваквите ситуации насочени кон нашите деца и да се држат настрана од популистички и неодговорни дискурси.
Никогаш нема да бидат дозволени обиди за динамитирање на нашата социјална структура, злоупотреба на деца, поттикнување насилство и активности кои негативно ќе влијаат на развојот на нашите деца, од кои секое е скапоцен камен.
Одговорот на Roblox за забраната во Турција
Како одговор на забраната во Турција, Roblox изјавија дека ги почитуваат законите во земјите во кои играта постои.
Поминавме скоро 20 години правејќи ја Roblox да биде една од најбезбедните онлајн платформи за нашите корисници, особено за најмладите, и осигурувајќи дека безбедноста на нашите корисници е сржта на сè што правиме.
Официјалниот одговор од тимот на Roblox
Ги почитуваме законите и прописите во земјите каде што работиме и ја споделуваме посветеноста на локалните законодавци кон децата. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да се осигураме дека Roblox ќе се врати онлајн во Турција што е можно поскоро.