Денес компанијата SpaceX на нивниот Twitter профил ја сподели оваа убава вест дека Македонија е првата од неколкуте Балкански земји каде што може да се нарача Starlink!
Во моментот на пишување на оваа статија, сателитскиот интернет Starlink е достапен во 48 земји во САД и 36 земји низ светот. Целта на SpaceX е глобално да го покрие светот со нивната услуга на Starlink!
Според SpaceX до крајот на оваа година и почетокот на 2023, Starlink треба да стане достапен и во другите наши комшиски земји како што се Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна!