Google развива вештачка интелигенција што треба да биде ко-оп карактер во сите игри

Google развива DeepMind вештачка интелигенција која што на крај би требало да испадне втор играч во игрите и да ви биде ваше ко-оп другарче. Според Google не се работи за “Pay-to-Win” или “Super-Bot” карактерот направен од вештачка интелигенција, повеќе би било нешто што ќе учи од начинот на кои што вие играте…… DRAGON’S DOGMA?! Се слушаме ли?!

Google го претстави ова развување во труд напишан од Рован Чеунг кој што се нарекува Scalable Instructable Multiworld Agent (SIMA). Во глобала се работи за вештачка интелигенција која што учи од сите вашите потези и истражувања во игрите. Може да добива знаење преку вербални и виртуелни новсоти.

Голем потенцијал

Google за тестирање на оваа вештачка интелигенција се здружиле со “Eight Game Studios” да го тестираат SIMA моделот најмногу во игрите Valheim, Goat Simulator 3 и No Man’s Sky. Имаа голем избор на игри кои што се избрани од SIMA за да го имаат овој модел со вештачка интелигенција. Иако е на почеток SIMA има околу 600 основни интеракции како следење, интеракција со предмети и работење со менињата на својот карактер.

Новинарот од PC Gamer – Крис Шевшки изјави дека е фанатик на No Man’s Sky и дека за него оваа вештачка интелигенција во играта ќе му помогне премногу посебно во делоте на собирање реурси. Смета дека доколку го истренира својот AI да собира ресурси за него, играта ќе се движи многу побрзо. Ова многу е слулно со тоа што го прават 11Bit Studios со Alters.

Почетоците се најтешки

Google се задоволни со раните почетоци на SIMA вештачката интелигенција која што е пробана и во игри кои што светот се уште ги нема видено. Веројатноста дека се работи за игри кои што се од нови студија, специјално правени за SIMA, се огромни.

Google SIMA

Нормално ова не е ништо ново… Сите сме играле и God of War и многу други игри кои што имаат ко-оп другарчиња во игрите, но сепак Google изработува нешто кое што ќе може да се користи во поголемио дел на игри со отворени светови.

Ова нема да го видиме уште долго време, шансите да пропадне и никогаш да не се финализира се исто така огромни, така да… треба да почекаме да видиме што ќе се случи со ова.

МАРКЕТИНГ

About The Author

По долгогодишни барања од фановите, PlayStation објави дека конечно ќе ги донесе трофеите на ПЦ. Бидејќи PlayStation продолжи да ја продлабочува својата поддршка за платформата за PC со нови изданија на игри, фановите почнаа да сакаат да видат дополнителни елементи и функции што се гледаат на PS5 и PS4. Сега, веројатно најголемата таква карактеристика, Трофеи, конечно треба да се појави на компјутер со следното издание на PlayStation за хардверот.

Ловците ги острат нивните контролери

По ексклузивниот извештај на TrueTrophies дека Sony тестира трофеи за PlayStation PC уште во 2023 година, воодушевени сме што можеме да кажеме дека трофеите на PlayStation PC конечно се потврдени за лансирање во мај 2024 година. Плус, сето тоа започнува со една од најдобрите игри за PS5 на компјутер што добива поддршка за трофеи при лансирањето!

Објавено преку блогот за PlayStation, трофеите за PlayStation PC ќе бидат пуштени во четврток, 16 мај 2024 година, заедно со издавањето на Ghost of Tsushima Director’s Cut за компјутер. Ова значи дека на PC за првпат ќе има отклучување на Платинум трофеј. Новата трофејна компатибилност на компјутер, исто така, ќе биде лансирана заедно со новото преклопување на PlayStation/PC, кое исто така ќе ви овозможи да ги префрлите списокот на пријатели и поставките на профилот на PSN од PS5 и PS4.

Корисниците на PC ќе треба да се најават на нивните PSN акаунти додека играат игри на компјутер компатибилни со трофеи за да добиваат трофеи. Тоа ќе им овозможи и пристап до нивниот PSN.

Исто така, не е потврдено дали претходно објавените игри за PC PlayStation ќе добиваат поддршка за трофеи или дали сите PlayStation PC игри ќе добиваат поддршка за трофеи понатаму. Безбедно е да се претпостави дека игрите како God of War Ragnarok и Marvel’s Spider-Man 2 ќе добијат поддршка за трофејот за PlayStation PC кога на крајот ќе бидат лансирани на платформата. Сепак, останува нејасно дали игрите како Horizon Forbidden West или Ratchet и Clank Rift Apart ќе го следат примерот.