Гејмајте во вашите автомобили со Nvidia GeForce Now

Nvidia соработува со производителите на автомобили за да ја направи својата Cloud Gaming услуга GeForce Now достапна во автомобилите. Иако нема детали за тоа кога услугата ќе биде достапна и во кои возила, Nvidia објави на CES дека е партнер со јужнокорејскиот гигант Hyundai, шведско-кинескиот производител на премиум EV Polestar и кинескиот производител на EV BYD.

Во соопштението за медиумите, Nvidia изјави дека со GeForce Now ќе може да се „стримува целосно PC искуство со игри во реално време во автомобили дефинирани со софтвер“. Компанијата рече дека услугата за игри може „да го подобри времето поминато на полнење или возење во возила, бидејќи им овозможува на патниците на предните седишта да проследуваат игри додека се паркирани, а патниците да играат на задното седиште доколку има екрани“.

Промо видеото од Nvidia покажува патници и возачи како ги приклучуваат контролорите за игри на нивните системи за забава во автомобилот и избираат наслови од листата на GeForce Now со повеќе од 1.000 игри со контролери. Тие вклучуваат AAA наслови како The Witcher 3: Wild Hunt и Cyberpunk 2077, како и бесплатни игри како Fortnite. (Целосен список на наслови на GeForce Now може да се најде овде.) Nvidia вели дека клиентот GeForce Now ќе работи во автомобили или преку инфозабавни системи базирани на Android или вградени веб-прелистувачи, но не понуди дополнителни детали за тоа кои технички спецификации би можеле да бидат потребни за пристап.

Иако играњето видеоигри во автомобили порано (па и сега) значи да си земеш некоја Hand-Held конзола и да си гејмаш дур те возат, зголемената моќ на инфозабавните системи во автомобилот и распространетоста на сè поголеми дисплеи ја проширија достапноста на понапредни наслови. Иако некои производители на автомобили испорачаа само половични напори за игри (како партнерството на BMW AirConsole, кое нуди пристап до ограничена библиотека со третокласни наслови за повеќе играчи), други како Tesla, ја сфатија посериозно оваа одлука. Американскиот производител на EV ги направи игрите достапни во своите автомобили од лансирањето на Tesla Arcade во 2019 година, па дури неодамна додаде пристап до огромната платформа Steam (иако услугата е достапна само во неговите најнови возила).

Сепак, со објавувањето на партнерството на Nvidia GeForce Now, AAA игрите во автомобили треба да станат уште почеста глетка во блиска иднина. И самите Nvidia продолжуваат да ја подобруваат услугата – додавајќи поддршка за 1440p резолуција со 120 fps во прелистувачите Chrome и Edge.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Џез Корден од подкастот Xbox Two тврди дека XBOX работат на нова конзола која што ќе биде рачна (хендхелд). На подкастот Xbox Two, Корден изјави: „Знам дека XBOX имаат прототипови за рачна конзола во моментов“. Корден набрзо појасни дека тоа се „нови прототипови“, а не старите прототипови кои честопати се спомнуваат. Како што беше посочено во подкастот, прототиповите не мора да значат дека новите производи ќе бидат финализирани, само за проба им се, но сакаат да станат реалност.

Корден се надоврза со : „Ова нема да е клауд конзола или стриминг уред, ова ќе е целосно нејтив XBOX конзола“.

Nintendo Switch до сега има продадено над 100 милиони копии од неговото првично лансирање и сега со уредите како Steam Deck, ROG Allly, па дури и PlayStation Portal кои дојдоа на пазарот во последните неколку години, XBOX го прави своето движење и на овој пазар бидејќи сака секаде да има некаков удел.

Не е јасно кога XBOX ќе го најават и лансираат овој уред, односно оваа конзола, но различни гласини сугерираат дека следната генерација на конзолата би можела да биде целосно рачна, и би била исто како Nintendo Switch. Претходно оваа година, Фил Спенсер изјави дека конзолата од следната генерација на Xbox ќе биде „уникатна и моќна“.

На официјалниот подкаст на Xbox, новокрунисаниот претседател на Xbox, Сара Бонд, исто така, го разјасни она што е следно за Xbox

“We’ve got more to come. There’s some exciting stuff coming out in hardware that we’re going to share this holiday. We’re also invested in the next-generation roadmap. What we’re really focused on there is delivering the largest technical leap you will have ever seen in a hardware generation, which makes it better for players and better for creators and the visions that they’re building.”

Новиот претседател на XBOX, Сара Бонд