Последната година за Warner Bros. Games не беше најдобрата, па дури и извршниот директор на компанијата Дејвид Заслав го призна тоа. За време на последната изјава за заработка на компанијата на 7 ноември, Заслав изјави дека нивниот гејминг дел од компанијата „значително недоволно го исполнува својот потенцијал“.
Ова доаѓа откако финансиските разочарувања како MultiVersus и Suicide Squad: Kill the Justice League на студиото му направија огромна загуба од 300 милиони долари само оваа година. Сега, Warner Bros. Games ќе стави поголем акцент на своите најуспешни франшизи.
„Мислам дека поминуваме низ некои од најлошите времиња за нашата комапнија. Но, имаме четири франшизи кои се навистина моќни и имаат голем број на фанови кои што ги сакаат, и ние ќе се фокусираме на тие четири франшизи првенствено. Ќе се откажеме целосно од обидот да направиме и издадеме 10, 12, 15, 20 различни игри во текот на годините што идат. Мислам дека имаме реални шанси сега во фокус да го имаме бизнисот со игри, и да го направиме стабилен.
Имаме четири силни и профитабилни франшизи со лојални фанови: Hogwarts Legacy, Mortal Kombat, Game of Thrones, и се што е од DC, особено Batman. Ние ќе се фокусираме само на тие основни франшизи, со докажани студија за да го подобриме нашиот успех“.
Warner Bros. Games веќе работат на „Definitive Edition“ за Hogwarts Legacy. Но сепак, во изработка е и продолжение на играта, односно Hogwarts Legacy 2.
Со Mortal Kombat, компанијата продолжува аспектот да го стави на тоа што ќе се прават нови карактери, а нови Mortal Kombat игри веројатно би добивале многу поретко од обичното. Најновото е претстојното пристигнување на Ghostface на 26 ноември.
Кога сме веќе кај Batman, тоа е многу тежок потег, од причина што постои една од најлошите игри, која што се вика „Suicide Squad: Kill the Justice League“. Сепак, неодамна почнаа да кружат гласини дека Rocksteady работат на нова Batman игра. Дополнително, не се споменува во изјавите, но сè уште е во развој е претстојната игра Wonder Woman од Monolith.