Sony ќе ја купат корпорацијата „Kadokawa“ сопствениците на „FromSoftware“

Во ексклузивен извештај објавен денеска од медиумот Ројтерс, се тврди дека Сони се во преговори за купување на Kadokawa, корпорацијата која го поседува најголемиот дел од FromSoftware, развивачот на Elden Ring. Во извештајот се тврди дека Sony сака да ја купи нивната „медиумската моќност“ и дека договор може да биде потпишан „во наредните недели“.

И покрај тврдењата кои беа потврдени од два доверливи извори блиски до медиумот Ројтерс, и Sony и Kadokawa ги одбија сите барања од медиумите да дадат било каков одговор за ова тврдење. Што значи дека… Официјално FromSoftware наскоро ќе биде целосно под Sony и PlayStation.

Sony, не сакаат да го купат само студиото FromSoftware, туку сакаат да ја купат целата Kadokawa корпорација. Ројтерс како медиум се многу познат во светот со најдоверливите информации, и оваа ексклузива за неколку дена ќе биде потврдена до крај.

Во моментов, Kadokawa поседува 70% удел во FromSoftware, а Sony има околу 14% удел. Со тоа, Sony веќе има удел од 2% во Kadokawa Corporation. Ова значи дека доколку Sony целосно ја купи корпорацијата, ги купува дел од процентите кои што ги поседува вториот огромен титан – Tencent. Ќе видиме некоја интересна борба меѓу титаните за тоа како Сони ќе им одземат дел од нивните права.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Беше најавено дека соработка помеѓу Squid Game и Call of Duty Black Ops 6 ќе пристигне во јануари. Соработката беше најавена на официјалниот X профил на Call of Duty, каде што профилот изјави: „Повик кој не може да се одбие. Netflix Squid Game пристигнува во Call of Duty оваа јануари.“

Squid Game сезоната 2 ќе премиерно се прикаже на Netflix на 26 декември 2024 година, а третата и последна сезона ќе биде достапна некаде во 2025 година. Netflix предвиде дека до октомври 2021 година, Squid Game генерирала приближно 900 милиони долари вредност за компанијата, иако серијата чини само 21,4 милиони долари за производство.

Најавата од Call of Duty дека соработката ќе пристигне во јануари сугерира дека веројатно ќе биде дел од ажурирањето на средината на сезоната за Black Ops 6 Сезона 1, кое често се нарекува „ре-лоадед“ ажурирање, кое обично носи нови мултиплејер мапи и игри.

Не е јасно што точно ќе вклучува соработката помеѓу Squid Game и Call of Duty, но веројатно ќе се состои од нови оружја и кожички за ликови. Алтернативно, Call of Duty и Netflix може да направат нешто малку по-специјално за оваа соработка, можеби нов тип на играчки режим за забава.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!