Гејмингот секој ден станува мега популарен, и повеќе не живееме во ерата кога гејмингот беше само за јубителите на поп-културата, или во буквална смисла, гејмингот беше целосно „андер-граунд“ култура. Денес секој сака да направи нешто повеќе и поголемо за да се одржува убавината на оваа уметност!
По тој повод, дечките од Јапан@мк на 24 август во прекрасните простории на Base42 организираат еден огромен и спектакуларен настан кој што главната тематика е посветена на Јапонските игри! Во стилот на јапонската гејмерска културата, се подготвува гејмерско доживување во вид на гејминг клуб каде што ќе може да се доживеат многу нешта одеднаш на едно место.
SPEEDRUNNING
На овој гејминг настан, еден од главните моменти ќе биде „спидран во живо“ на едни од најтешките Соулс игри некогаш направени „Dark Souls 1“, и прекрасната „Sekiro: Shadow Die Twice“. Луѓето кои што ќе ги играат овие „спидранови“ ќе бидат Тодор познат како „TOD“ кој што ќе игра Dark Souls Remastered, и Ана-Марија Фаркаш позната како „Purple Empress“ и ќе ја игра Sekiro: Shadow Die Twice.
Развој на Македонски игри
Креаторите на долгоочекуваната игра Skopje ’83 ќе ни го раскажат патешествието по кое може животот да те однесе ако си гејм дизајнер со голема страст, раскажувајќи ни ја својата приказна за креирањето на оваа игра во последните 7 години, а ќе имаме шанса и да го пробаме демото на играта
Гејминг квиз, турнир, уметници, и… многу добри пијачки!
Прочитајте за сите настани подетално на Facebook страната на Јапан@мк