Mirror Forge Рецензија – Новата хорор хит игра од Македонија

Сите може да се сложиме дека до одреден степен во денешно време да правиш хорор игра е потешко одколку да правиш некој голем ААА хит кој што би можел да се бори за игра на годината и многу други работи. Причина за тоа најмногу зависи од фактот што Хорор е многу тежок жанр за правење бидејќи луѓето кои што сакаат да го играат тоа не се во толкав голем број. Често ако не и секогаш се доведува до само одредени заедници и фанови кои што го сакаат хорор жанрот… Но сепак доколку има луѓе кои што многу сакаат да прават хорор игри во денешно време тоа дефинитивно се Македонците и Македонскимте гејм девелопери бидејќи кај нас тој жанр е најчест и скоро секоја Македонска игра е од хорор жанрот!

Тешкотијата за правење на хорор исто така многу се сведува на фактот што мора да направиш твојата игра да е многу подобра и до сега не видена! За многу други жанрови е лесно, како например зомби игри, има премногу и сите се слични… Но хорор фановите секогаш бараат да играат нешто ново. Кога бараш нешто ново како би можел да направиш нешто што е подобро од двете најголеми хит франшизи кои што се уште се во златната дома – Resident Evil и Silent Hill.

Но сепак и кога се има гигантски конкуренти како што се овие две франшизи, еден млад дечко од Македонија реши да направи FPS хорор игра која што ќе се бори рамо до рамо со сите овие големи конкуренти. И кога сакаш нешто дефинитивно мораш да се бориш да стигнеш до врвот! Креаторот на оваа игра навистина се бореше без прекин бидејќи неговата игра успеа да ја промовира на огромни настани низ целиот свет, и играта успеа да стигне до степен да биде играна од многу ппзнати контент креатори како што е например Lirik!

Крв… Многу Крв…

Mirror Forge е премногу инспирирана од една од најпопуларните хорор игри некогаш направени – Silent Hill 2. Веднаш ве внесува во самата приказна бидејќи се будите како еден научник кој се вика Thomas (во Македонија веројатно на кратко би бил Томче). Томче е нормален лик кој што си живее нормален живот се до денот додека не добива ужасно нервозна мигрена и буквално се губи во светот. Не знае ни каде е, ни што се случува па до степен ни кој е всушност Томче. Он е зависник од апчиња бидејќи сака таа мигрена да ја излечи со помош на тоа иако не му успева ниту малку. Томче наоѓа видео од неговата жена Jill каде што гледа дека е пуштена на терен како репортер во некое чудно и мрачно село. Не е среќен, нов ум на реалноста, гротескна, индустриска, ужасно искривена нова реалност!

Целата приказна се одвива со тоа што Томче ќе патува ниц целиот град каде што ќе наоѓа траги од што се случило со неговата жена со тоа што ќе слуша аудио снимки, оставени ливчиња и многу други работи. На друг начин кажано нешто што е доста познато во хорор игрите кои што имаат многу добри мистериозни елементи каде што сами мора да откриеме што се случило. Или може да се каже дека целата игра го има стравот од непознатото! Движење од реалноста до места кои што не изгледаат реално туку изгледа нешто како во сон! Звучи познато?

Убавината во Mirror Forge е тоа што е преполна со твистови од самиот почеток до самиот крај на самата игра. Многу хорор игри, па дури и само игри не успеваат цело време да ве држат во главниот вајб, секогаш тераат некаде настрана со приказната на странични или само не толку релевантни работи, овде го немате тоа. Од самиот почеток до самиот крај ве лазат морници и ве копка што е следно. Иако знаете како би можело се да заврши, си правите слика уште од самиот почеток, интересно е што не испаѓа се така на крај, сепак може да ве погоди нешто повеќе!

Инспирациите од Resident Evil

Како што кажав да измислуваш топла вода во денешно време е тотално тешко и невозможно, затоа мора да се има прво инспирација за што е добро да се направи, односно од каде да се почне. Нешто што ретко ќе го слушнете, можеби никогаш, е тоа што Mirror Forge е играта која што е многу добро инспирирана од Silent Hill франшизата! Многу сакаат да бидат такви, многу сакаат да бидат како Silent Hill, и тие многу на крај прават големи грешки… Но… Mirror Forge е играта која што ги победува тие детски болести! MystiveDev навистина се потрудиле да го направат ова нешто да е многу сериозно! А знаете што е најдобро? Оваа игра од корен е правена само од еден човек! Нормално со помош, но од корен се е правена само од еден човек!

Патувањето низ реалноста ве поздравува со бескрајни количества вознемирувачки суштества, маси на органска материја покриена со гнасни очи, метални ходници што се прелиени со крв, тела и лица. Има силен допир на многу средини што веднаш ги повикуваат кошмарите од игрите на Silent Hill до моќен степен, но Mirror Forge прави многу од овие области да се чувствуваат уникатно за сопствениот личен ноќен ужас.

Звуци на сите страни колку сакате и колку не можете ни да си замислите! Нема место каде што е тивко, каде што не шушти нешто од некаде, едноставно играта не ве остава да земете здив од хорор елементи. Иако сите работи и звуци изгледаат многу евтино сепак мора повторно да се каже дека се работи за помала (инди) игра креирана од само еден човек.

Тешкотиите кои што го добив со оваа игра беа дека многу од околината нема многу смисла со самата приказна. Приказната иако не е многу драстична и да ви го промени животот, едноставно на многу моменти се прашувате зошто некои работи се вакви а не се вие како што би ги направиле бидејќи на вас некако во тој момент не ви имаат смисла. Некои вакви прашања на крајот стануваат јасни но сепак и тогаш некако смислата зошто е така не е добро објаснета. MystiveDev пробале да направат нешто но сепак можеби требале малку повеќе да обрнат внимание на каква околина прават. Добро е што цело време има движење од едно место на друго, не сте заглавени во одредени локации како например во една куќа, една улица и нешто такво слично, туку цело време има промени на околината на разни места, надворешни и внатрешни. Доколку ја споредиме со Silent Hill мора да се спомне фактот дека Silent Hill беше франшизата која што многу се продаабаѓе само ради фактот дека имаше прекрасни околини и места! Некои од тие места во тие игри уште ми се останати во сеќавање и ќе останат засекогаш!

Thomas и пријателите

Колку пати сте рекле Што ако вие сте во некој хорор филм или некоја хорор игра? Како би преживеале бидејќи секогаш во хоророт некој мора да умре или мора нешто да се случи што не е добро! Епа така нашиот пријател Томче од почетокот до самиот крај си се прашува како он се најде во ситуацијата каква што е сега!

Томче не е протагонист кој ќе ви остави некој голем впечаток и некој кој можеби сакате да го видите повторно во некој следен дел бидејќи е многу едноставен карактер. Може да трча брзо, да полци, да стиска копчиња, да собира предмети и буквално тоа е тоа. Единствените работи кои што ги има се два уреди за осветлување (лаба или запалка) и нешто што го случајно го наоѓа што е древен антички предмет кој се вика Seal of Anu – уред што му помага низ текот на целата игра. Дали ви е јасно што прави уредот низ текот на целата игра? -Не. Дали сакате да дознаете нешто повеќе за него? -Да кажеме да.

Основата на Mirror Forge може да се разложи вака: трчате низ коридор или линеарна патека, ползете под одредени места или избегнувајте еколошки опасности, шетајте низ куќи и низ отворена област, дознајте кои се загатките и потоа обидете се да ги решите. Повремено, ќе треба да избегнете или да трчате покрај групи непријателски суштества за да преживеете.

Загатките се прилично основни и ниту една не е особено оданочувачка. Најголемиот проблем што ќе го имате е да откриете каде точно треба да одите. Mirror Forge не прави многу патокази за вас што функционира во смисла на движење, но има неколку делови што ќе ве натераат да ја чешате главата или да трчате бесцелно неколку минути.

Немој да се вртиш! Бегај!

Во хорор светот и жанрот најдобро е да не изиграваш херој туку само да избегаш! Злото ти дише цело време во врат! Нешто што многу хорор игри патат е тоа што имаат само еден негативен лик кои што мораш да избегаш или да направиш нешто со него. Запознаени сме сите со тие игри, и многу чество во вакви мали (инди) игри тоа треба да е исто така логично. Зошто некој да би се мачел да прави листа на непријатели кога може да направи еден добар? Епа не… MystiveDev малку го загреале столчето и задникот и направиле еден огромен број на непријатели кои што сите се прекреасни! Големи, мали, брзи, па дури и невидливи! Тоа е страст кога правиш нешто што сакаш, не го правиш едноставно, го правиш да биде поголемо и широко! Невидливи непријатели има! Тога кажува премногу!

Повремено, од вас ќе биде побарано да направите платформирање, што директно е непријатно со незгоден систем за скокање и перспектива од прво лице. Mirror Forge, исто така, не е особено предизвикувачки, бидејќи е лесно да се складираат лекови против болки, што веројатно е благослов за спречување на многу фрустрации.

Финални зборови

Mirror Forge е игра која што нема да смени многу работи во вашите животи ама ќе ви го задоволи хорор елементот што ви фали при играње на овој жанр. Многу картка и едноставна игра која што се завршува за само неколку часа, но тие неколку часа ќе ви бидат одлични и ќе бидете многу задоволни од тоа што ќе го видите.

Дополнително мора да си ја купите оваа игра само за да ги подржиме Македонските девелопери да се унапредуваат цело време и почесто да гледаме “MADE IN MACEDONIA” производи!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Уште од Златната Доба на аркадните игри, Ранглистите за гејмерите се многу битна работа! Целта во играњето на аркадна игра во играчница, не беше само да ја завршиш играта со еден жетон од почеток до крај, туку беше уште побитно твоето име/прекар да биде на прво место кога играта ќе заврши (освен за Cadillacs and Dinosaurs, ја завршив со еден жетон и 2 животи фазла на крај).

И кога никој нема да ја игра аркадата, и гледаш на дното како трепка “Insert Coin“, тебе ти се праве ќеф кога ранглистата ќе се појави со твојто име на прво место…. Гордост заработена со 5 денари и забава, па другарите нека се мачат да те симнат од тронот.

Ранг листа од Ретро Игра

Аркадните ранглисти беа медиум за споредба на постигнувањата на еден гејмер со друг, без разлика дали е гејмерот е машко, женско, првооделенец, матурант, братучед на гости од друг град/село итн. Во тоа време имаше случаеви кога дојде некој братучед-на-некого од друг град/село, праве high score и си заминува оставаќи други смртници да се мачат да го симнат од 1во место.

Некој аркади можеше едноставно ги исклучиш од штек и се се рестартира (ама да не те виде бато/чичо Столе шо продава жетони…оти!)

Сите тие ранглисти еволуираа во Online Leaderboards, и тие моментално даваат подетална споредба на на гејмери во форма на достигнувања, трофеи или беџови. На времето, се знаеше одприлика колку време ќе ти треба и што треба да направиш за да бидеш на прво место на Sunset Riders; сега е мааалку потешко. Како?

Моментално, одредени трофеи бараат време (пари не, бидејќи си ја купил играта). За некој со послободно време (тинејџер, пример) многу побрзо ќе го добие трофејот во споредба со некој со помалку слободно време (Кога децата сакаат да гледат Бејби Шарк на Јутуб, пример). За овие ветераните малку ќе се помачат за Платинум трофеј.

Гејмер кој направил некој успех

Скоро половина од трофеите на некоја игра бараат да ја изиграш играта барем уште 3-4 пати, да фармаш 5-6 саати и да слушаш GG Подкаст во позадина итн. И тука се појавува една желба да ги споредуваш твоите трофејски постигнувања со тие на твоите пријатели. За мене, најубаво е кога се споредуват број на Платинум трофеи и другите соодветни achivements на други конзоли.

Тука не е важно колку време си ја играл играта и дали има поентира во играта, битно е дека си се посветил да ја изиграш играта комплетно, и си ги победил сите предизвици (без разлика дали си направил “повикај пријател“ или не, али за тоа у друга колумн).

Ранг листа од Ретро Игра

Бркање прво место на некој Online Leaderboards не е баш балансирано. Тука веќе родител-гејмер тешко дека ќе котира во спореба со некој ерген или тинејџер со повеќе слободно време. И гејмерите не треба да си ставаат на срце, и да се демотивираат, бидејќи не можат да рипнат погоре на листата. На таквите листи секогаш има некој шо имал можност да посвети повеќе време од тебе за да биде меѓу првите 5. И секогаш има некој што F1 ja игра со волан и педали, а ти со гејмпад, и трката баш и не е фер.

И секогаш ќе има некој што левелирал повисоко бидејќи имал време, ама ти тоа време си бил во кафана со другарите.

За да се сите овци на број, и сите да сме кефни кога се споредуваме, постои опција да се формират приватни групи. Така татковицте нека се договарат меѓу себе после 22 часот од кога ќе заспијат децата, па нека се рангираат меѓу себе колку сакаат, во било која игра; а тинеџерите и ергените нека играат како татковциte на времето – додека не те изгрее сонцето.

Важноста на Пријателите Гејмери

Friends Groups, што се создаваат приватно помеѓу другари од времето на Аркадите, или од времето на студентски денови коа се играше CS насекаде – се борба да се биде “голема риба во мало езерце“.

Тука немаш потреба да се натпреваруваш со некој што има на располагање цела вечер за гејмање, туку се натпреваруваш со колегите од работа, колегите од факултет … и сите меѓусебе знаете кој колку слободно време има за гejмање. А и комуницирате аудио цело време, така да “Бастинг Болс” станува терапија и зајакнување на пријателство.

На тие членови во групите мнооогу поважно и е како рангираат во нивната група во одредена игра, одколку како рангираат на светско ниво. Тоа е исто како на времето кога се знаеше кој ги крше сите на Табла (со зарови) пред зграда цело лето; и кој само прави “хант“ на сите партии … и сите тогашни гејмери (да, и таблашите и ханташите се гејмери) упорно играа за да го симнат Трајче од тронот на “локален таблаш“ шо се прче пред сите.

Пријатели Гејмери

Али колку и се прче некој дека е набољи у Табла, или во денешно време во Group List, сите заедно создаваат една прекрасна средина за социјализирање, со спомени што остануваат “од сад, па наље, и будуче“.

Заклучок

Рангирањето треба да се гледа како поттик да станете подобри во играта, а со тоа во позадина да научете животна лекција како да “буткате напред“. Како треба да се потрудите малку повеќе за да ја постигнете целта.
Да, бидете први на ранглистата, и ќе го имате секое право да кажете дека сте најдобар во таа игра, ама секогаш ќе има некој што ќе ви дише во врат за да ве симне од тронот. И тука имате ситуација кога бројот 1 се обидува да остане на врвот, и гладни гејмери кои го сакаат тоа место.