Во изработка е “Alan Wake” ТВ Серија од AMC која ќе биде адаптација од игрите

Познатите AMC решија да влезат во рингот и да фатат да прават некоја адаптација од видео игри. Ќе започнат со тоа што ќе прават адаптација на акционо-авантуристичката игра Alan Wake. Серијата моментално е во рана прирепма и за брзо ќе треба да започне нејзиното снимање.

Sam Lake, креативниот директор на Remedy Entertainment, развивачот на Alan Wake, ја откри веста за време на прославата на 12-годишнината од играта која што се случи пред неколку дена. Колку е лудо што од издавањето на првиот дел од играта се поминати 12 години! Покрај неговото споделување за новите наслови и претстојниот римастер на играта , Lake сподели дека „AMC, прекрасен дом за апсолутно брилијантни ТВ емисии ги откупи правата за Alan Wake“.

“We have been collaborating on making a TV show happen. Nothing more to share at the moment, but we will certainly let you know when there is something to announce.”

Разговорот за серијата на Алан Вејк првпат започна во 2018 година, при што Legion‘s Peter Calloway првично требаше да служи како креатор/режисер на серијата, а Lake како извршен продуцент, како што имаа изјавено Variety.

Alan Wake првпат беше издадена на Xbox 360 и PC во 2010 година. Објавена од Microsoft Studios, играта го следи трилер романсиерот (новелистот) Alan Wake кој се обидува да ја открие вистината зад мистериозното исчезнување на неговата сопруга во измислениот град Bright Falls, Washington. Додека истражува, Alan открива дека оживуваат клучните настани од неговото последно дело.

Франшизата потоа се прошири во 2012 година со спин-офот Alan Wake’s American Nightmare. Но најдоброто нешто од се е што минатата година на The Game Awards за првпат се прикажа долгоочекуваната Alan Wake 2! Играта треба да излезе следната година и добивме нови коцнепт-артови од играта.

Серијата Alan Wake на AMC е најновиот пример во зголемениот интерес на ТВ-сферата за просторот за игри. The Last Of Us се подготвува во HBO, Peacock ќе го преземе Twisted Metal, Prime Video ќе ги адаптира God of War, Fallout и Mass Effect.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN