Во случај да пропуштивте, Nintendo и Illumination го објавија првиот тизер трејлер за претстојниот филм „The Super Mario Bros.“ за време на New York Comic Con минатата недела. Првиот трејлер беше општо прифатен, иако гласот на Mario на Chris Pratt беше точка за расправа за многумина. Мислењата за Pratt се премногу поделени, но на повеќе луѓе им пречи што Mario не е со Италијански надзив. Но, аниматорот Coda отиде чекор напред и направи анимирана сцена од трејлерот во стилот на Super Mario 64!
Официјалниот трејлер за филмот „Super Mario Bros.“ вклучува сцена на почетокот каде што Bowser и неговата армија го напаѓаат царството на пингвините. Coda ја направил сцената со Bowser и пингвините во целосен стил на Super Mario 64, до степен да ги има и звучните анимации и кога Bowser ги доминира пингвините излегува анимацијата при губењето на живот!
Филмот „Super Mario Bros.“ – кој се чини дека е официјалното име на филмот, не само нешто по кое треба да го знаеме филмот или универзумот – треба да се појави на 7 април 2023 година. Првиот вистински тизер трејлер за проектот дебитираше за време на New York ComicCon. Во филмот ќе ги има гласовиет на Chris Pratt како Mario, Anya Taylor-Joy како Princess Peach, Charlie Day како Luigi, Jack Black како Bowser, Keegan-Michael Key како Toad, Seth Rogen како Donkey Kong, Fred Armisen како Cranky Kong, Kevin Michael Richardson како Kamek, Sebastian Maniscalco како Spike, и Charles Martinet најпознатиот глас на Mario – ќе дава различни гласови за различни Cameo ликови.