Нихон-Џи Фестивал – Јапонската култура пристигнува во Скопје

Јапонската култура е нештото кое го има освоено целиот свет и целата нивна култура е распространета низ светот на секаков начин. Нема некој на светов што немал некаков допир со јапонската култура, но затоа Скопје на 28ми мај ќе може да ја почуствува целата таа јапонска култура на едно место! Се работи за еден многу добар фестивал кој го носи името “Нихон-Џи” и целта е градење и ширење на јапонската култура кај нас.

На фестивалот сите присутни ќе можат да се запознаат повеќе со јапонската култура во аспект на литературата, поезијата, кинематографијата, музиката, врвната архитектура, познатите боречки бештини, уникатната технологија, модата, гастрономијата, тоа што најмногу го знаеме – Аниме и Манга, и уште многу други прекрасни работи.

Нормално не смеат да се заборават и гејмерите бидејќи денес сите може да кажеме дека сме гејмери благодарение на игрите кои што доаѓаат директно од Јапонија. На фестивалот ќе се организира и Tekken 7 натпревар, што значи ако сте спремни за добра борба може да се пријавите ТУКА (Tap)

Нешто што кај нас не е многу ново, но не е доволно развиено е уметноста на косплејерството! До сега се има организирано неколку косплеј настани, но сепак се уште е во рани фази. Благодарение на овој фестивал ќе може да се гордееме дека на нашите простори ќе има уште еден косплеј настан/натпревар. Доколку сакате да учествувате на тој натпревар може да се регистирате ТУКА (Tap)

Покемон тренери дали вашите мали другарчиња се спремни за сериозна борба? На фестивалот ќе може да се борите против други играчи во PvP турнирче! Бројот е ограничен а може да се пријавите ТУКА (Tap)

Египетските богови и непријатели ве чекаат за уште еден турнир во Yu-Gi-Oh! Загрејте ги вашите карти и пријавете се на турнирот за да станете многу јак фраер со тоа што ќе ги победите сите! За турнирот може да се пријавите ТУКА (Tap)

Да не ви раскажуваме ние многу, направивме едно интервју со организаторите на Фестивалот Нихон-Џи – јапан.нет.мк и они ќе ни раскажат нешто повеќе што да очекуваме…

Q: Кажете ни нешто повеќе за вас. Кои се Japan@mk, од кога постои и од каде идејата и инспирацијата да се направи вашата заедница?

Билјана: Japan@mk започна во април 2008 кога блогирањето беше во мода. Израсна од идејата за слободна култура и еден неделен настан „Слободно кино“ кој тогаш јас го водев во соработка со „Слободен софтвер Македонија“ во културниот центар „Точка“ на здружението за критичка култура „Контрапункт“. Како љубител на аниме на тој настан вметнав аниме и видов дека постои голем интерес, па си зададов задача да ги најдам сите луѓе од Македонија кои ги интересира аниме и јапонска култура. Нормално можев да ги најдам само луѓето кои блогираа за тоа или разговараа на некои форуми или слично. Тогаш ја запознав Александра Бошкова која беше исто толку, може и поголем Weeb (љубител на јапонска култура) од мене и почнавме да организираме настани кои ги нарековме „Јапанорама“, според еден американски документарен филм за Јапонија. Започнавме со пишување на колаборативен блог со 32 автори кој сè уште постои http://japmk.blogspot.com/, продолживме со Google Group комуникација кај што се спремаше организацијата на настаните, но првиот мини поширок настан што го организиравме беше „Сакура“ на плоштадот Македонија во соработка со Самурај доџо. Tој настан вклучуваше презентација на иаидо и кендо боречки вештини, читање на хаику поезија од страна на Владимир Мартиновски, свирење на јапонска флејта од страна на Милан Симовски, калиграфија од Нахоми Нишио, оригами работилница со Мира Беќар. 

Првите членови кои го формираа јадрото на организацијата беа: Билјана Кочоска, Александра Бошкова, Андреј Цветановски, Сашо Андријески и Марија Мирковиќ. Понатаму, на Јапанорама настаните проектиравме јапонски филмови, документарци, презентации, изложби, косплеј, а имавме еден настан од затворен тип со дипломати каде што презентиравме церемонија на чај со госпоѓата Томоко Инуе. Во подоцнежните Јапанорами имавме и fansub на македонски, а од таа заедница произлезе и подгрупа наречена „Манганација“ составена од членови, со кои целосно онлајн подготвувавме сканлација на манга стрипови на македонски јазик. 

Вкупно имавме одржано околу 30 настани до 2011 година и 22 глави сканлирана манга. Но во тој период старото друштво почна да се зафаќа со поголеми обврски и оставивме на новата генерација да продолжи под истото име, затоа што сепак промовиравме слободна култура кај што секој може да се приклучи и да придонесе. Дел од денешните организатори беа во тој подмладок. Најголем придонес во тие 10 години за одржување на оваа заедница има Маријан Болтевски, кој продолжи со организација на Јапанорами кои претежно беа од областа на проекција на аниме и косплеј натпревари. Во периодот од 2011 до денес се одржани уште дваесетина Јапанорами организирани од други членови на заедницата.

Како што и претходно споменав, нашата цел отескогаш беше да се шири заедницата, да се развива култура и да се скршат предрасудите за поседување. Ако нешто јапонската култура нè учи, тоа е силна заедница и влог на иднивидуалецот за заедницата. Затоа нашиот концепт сè уште е истиот, ширење на идејата за слободна култура, вклучување на секој кој сака да придонесе и токму од тоа излезе и овој фестивал.

Денешниот центар на организацијата на Нихон Џи фестивалот се: Билјана Кочоска, Ирма Башеска Ристовска, Марко Николов, Стефан Ристовски, Тања Блажевска.  Соработници ни се Александра Бошкова (архитектура), Ана Ежова и Нела Tодоровска (мода), Филип Ѓеоргиев (гејминг), Такеши Мацунага (работилници). 

Q: Што означува името на фестивалот Нихон-Џи (Nihon-Ji)?

Името произлезе од еден брејнсторм кој го имавме ние организаторите. Нафрлавме имиња поврзани со Јапонија, културата и слично. Јас имав една генијална идеја да се вика Weebfest ама никој не ми ја сакаше. Па ми ја прифатија оваа за да не плачам.

Инаку Нихон Џи произлезе од Nihon gi – името на една стара јапонска книга што ја опишува историјата на јапонија и значи јапонски хроники. Но gi и ji се изговараат исто на македонски-џи, a Ji значи храм. Ова уште подобро легна како значење на храм на културата што всушност претставува овој фестивал. Така што името во исто време значи и јапонски хроники и јапонски храм. idk if this makes sense, for us kinda works.

Q: Фестивалот Nihon-Ji не е првото нешто што го организирате, пред тоа имате организирано многу повеќе настани, кажете ни нешто повеќе за тие настани. Колку настани имате организирано до сега и кои се тешкотиите за организирање на овој вид настани кај нас?

Како што кажав и погоре, ова друштво во моментов за прв пат се комбинира во оваа постава и супер ни оди. Сите засебно имаме искуство со организирање на настани, некои приватно и волонтерски, некои и професионално. 

Овој вид на настан мислам дека не може да се спореди со никој настан до сега, зашто е буквално настан поддржан од заедницата. Секој еден учесник влегува тука со својот ентузијазам и вложува нешто во настанот. Ние организаторите ги спојуваме сите тие парчиња душа на едно место да си разменат знаења искуства и да се забавуваат.  Бевме фасцинирани колку луѓето се спремни да се вклучат, да помогнат да споделуваат и разменуваат знаење, искуства, идеи. Сите сакаат вакво нешто да се случи и како што започнавме само повеќе и повеќе луѓе ни се придружуваа. Во моментов имаме околу 170 учесници што изгледа ненормално тешко да се координира, но тајната е во тоа што деловите на фестивалот се самоодржливи и секој доаѓа со својата одговорност и умешност како составен дел од целината. 

Ние веруваме во слобода, еднаквост и влог како поединци во нешто што е поголемо од нас и тој „мајндсет“ дозволува тоа нешто уште повеќе да расте. Се надевам многу луѓе ќе научат од нашето искуство дека кога си отворен и имаш доверба во луѓето, кога креативноста и соработката ти се на прво место, убави работи се случуваат без преголем напор.

Q: Кои се целите за организација на сите овие настани и фестивали?

Целите се јасни во претходните одговори. Креирање на заедница околу слични интереси. Збогатување на културниот живот. Солидарност, взаемно почитување, соработка, размена на идеи и стремење кон повисоки вредности на градење слободна култура и општествена одговорност.

Q: Дали Nihon-Ji беше полесен настан/фестивал за организирање бидејќи имате големо искуство и знаење за се што е потребно, или беше многу потешко за организација бидејќи има многу голема програма?

Овој фестивал сè уште не е завршен, сè уште нè чека многу работа. Соработката е лесна, учесниците се прекрасни, сите имаме иста цел. Најтешкиот дел до сега е наоѓање на материјална поддршка. Тука морам да спомнам дека Public Room се првите кои го видоа потенцијалнот на овој фестивал и безрезервно ни помогнаа да го оствариме. Тој простор ги има сите можности кои ни се потребни за лесно да можеме да ги оствариме сите делови од програмата. Но, на пример што се однесува до опрема и други материјални трошоци, како и нашето драгоцено време никако не се покриени. Не успеавме да најдеме ни „спонзори“ за барем да ни позајмат два гејмерски компјутери за одржување на Tekken турнирот, па еден член од нашиот тим вложува опрема вредна над две илјади евра само за тој турнир. Во моментов сè уште сме отворени за соработка од каков и да е потпомагач, но пак ќе нагласам моќта на заедницата засега надминува каков и да е спонзор.

Q: Програмата е голема и убава, тоа значи дека ќе има многу учесници на фестивалот. Дали може да откриете ексклузивно за GG.MK некои учесници кои што не се најавени сè уште, а нашите читатели би биле изненадени за кого ќе можат да видат на фестивалот?

Секој учесник ни е подеднакво драгоцен. Секој на свој начин придонесува за збогатување на програмата. Интересното е тоа што има по нешто за секого. Со тоа што решивме да покриеме различни делови од културата, всушност зафаќаме различни таргет групи кои ќе се најдат на исто место во исто време. За едни ѕвезди се учесниците од боречките вештини, за други хаику поетите, за трети гејмерите или манга цртачите, некој може ќе дојде само за работилниците, а некој да гледа филм или да следи трибина. На крај ќе имаме и чисто забавен дел со музика, но наскоро ќе ги објавиме сите учесници и сигурна сум дека за секого ќе има нешто што ќе биде ексклузивно.

Q: Нешто што кај нас не е толку познато и е на многу рани почетоци е Cosplay уметноста и дополнително Cosplay натпреварите. Опишете го Cosplay-ерството кај нас и во светот, каде сме ние на тоа ниво, што треба да се направи да стане поголем тренд, и како би натерале некој што никогаш не влегол во тие кругови и во уметноста на Cosplay-от да започне да се занимава со тоа?

Искрено немаме претстава колку луѓе тука се занимаваат со косплеј. Првата наша идеја беше секој кој сака да си дојде со некоја маска, зашто се работи за таков фестивал на кој што совршено ќе се вклои косплеање. Но подоцна решивме да повикаме за натпревар за поголема мотивација. За жал реакцијата беше дека сепак косплеерите повеќе би цакале ревијално да се појават, па оваа опција останува отворена во зависност од бројот на пријавени учесници. Доколку немаме доволно заинтересираност секој кој има желба сепак ќе може да се појави во некоја маска од омилен аниме херој. 

Сметам дека потребна е некоја онлајн платформа за промовирање на овие луѓе за да тоа повеќе се развие и прошири. Исто така тоа би придонело за вмрежување, размена на искуства и слично. Секогаш верувам дека креирањето заедници и размена на идеи и искуства е најдобар начин за развој на секоја субкултура. Доколку има заинтересирани ние бевме и сè уште сме отворени на настанот да се направи и косплеј работилница, но во недостаток на време и преполна програма, таквото нешто ќе го оставиме за следен настан, кој ќе биде уште оваа година. 

Q: Во Јапонија гејмингот е на многу високо и сериозно ниво, нивниот пазар е дупло поголем за разлика од целиот свет бидејќи они имаат големи игри што на западот не се ни познати. Но сепак организирате и Tekken 7 турнир. Кажете ни нешто повеќе околу тоа, колку учесници очекувате, како ќе се игра, што е потребно и се што може да кажете околу тоа?

Во првиот повик побаравме луѓе кои сакаат јапонски игри како Pokemon Go, Super Mario и слично. Тогаш Филип, одговорниот за Tekken турнирот ни кажа дека Tekken е типична јапонска игра и има веќе развиена заедница. Искрено ние сме отворени и прифаќаме секакви иницијативи и доколку имаше интерес за друга игра и тоа ќе го прифатевме. Мора да постои иницијатива од внатре, од самите луѓе кои се заинтересирани и знаат нешто повеќе да го рашират зборот, да побараат фидбек или истомисленици. Ние нудиме некаква платформа за вмрежување која допрва ќе расте и примаме сугестии и идеи кои би ги ширеле. Освен сајтот, Facebook и Instagram профилите japan.net.mk кои ги отворивме за промоција на фестивалот, имаме и Facebook група од 2009 како и Discord сервер Japan@mk од јуни минатата година. Сите овие места се слободни територии кај што може луѓето да се вмрежуваат и да разменуваат идеи поврзани со интереси врзани за јапонска култура, без разлика дали тоа е уметност, гејминг косплеј или што и да е. 

Што се однесува до турнирот, бројката ја ограничивме на 32 зашто фестивалот трае еден ден. Начинот на играње е опишан во правилата, а од секој натпреварувач кој што ќе се пријави се очекува да е над 16 години стар, да е спремен да се натпреварува со најдобрите Tekken играчи во Македонија, да си носи своја тастатура/контролер и да знае да се забавува.

Q: Тие што ќе дојдат ќе можат да уживаат во целата атмосфера, но дали ќе можат да пробаат некоја храна, да си купат нешто со Јапонска естетика? Што да очекуваме од тој дел

Се разбира дека мислевме и на ова, така што повикавме различни комерцијални субјекти како дел од учесниците на фестивалот. Така што ќе имаме припрема на суши, продажба на зелен чај, книги од јапонски автори и за јапонски концепти, облека и накит со јапонска инспирација, друштени игри со јапонска тематика, манга стрипови, аниме фигурини, бонсаи дрвца.

Q: Која е датата, местото и во колку часот ќе се отворат вратите за посетителите на фестивалот?

Фестивалот за јапонска култура Нихон Џи ќе се случи на 28 мај 2022 во Public Room (Јавна соба) и планот е да започне во 11.30ч со почесен говор на Јапонскиот амбасадор во Македонија. Така што официјално фестивалот ќе биде отворен околу 11:45 ч., додека пак натпреварот во Tekken ќе започна уште во 11:00 ч. Останатата програма започнува во 12:00 ч. кога ќе започнат работилниците, првата литературна трибини и презентациите на боречки вештини.

Q: Што планирате за во иднина? Дали ова ќе биде фестивал на годишно ниво или неколку настани во текот на годината?

Овој фестивал планираме да го одржуваме на годишно ниво, но како Japan@mk, ќе си продолжиме и со други помали настани преку целата година. Таков еден настан и како најава за фестивалот веќе имаме закажано во „Буква“ на 13.05 со изложба на Зборигами, книга поезијата на Зориа Петкоска и j-pop, jrock музика на Ирма Башеска Ристовска. Можеби ќе имаме уште едно изненадување дотогаш, но ќе дознаат тие што ќе дојдат.

Q: И како за крај дали имате нешто да кажете што не ве прашавме, или само може да кажете завршни зборови зошто треба да дојдат посетителите на фестивалот?

Искрено мислиме дека фестивалот ќе има доста посетители, поради самото тоа што е прв од ваков вид, тоа што оваа култура е нашироко почитувана и нема никакви политички импликации. Интересно ќе биде тоа што многу аспекти од културата во Македонија изразени преку инспирација од една далечно источно влијание ќе се спојат во исто време на исто место. Нема ограничувања, ни по возраст ни по пол ни по националност. Имаме спој на традиционално и популарно, ново и старо, возвишено и приземјено. Иако тој ден има и други настани во градот, сметаме дека Јавна Соба ќе биде преферирано место за посетување за голем број луѓе.

И како за крај да ве запознаеме со организаторите:

Билјана Кочоска: Магистер по нови медиуми и комуникација, маркетинг специјалист. Киберпанк фрик, и горд weeb. Ужива во mono no aware литература, и ефемерноста на постењето.

Ирма Башеска Ристовска: Новинарка, копирајтерка и сценаристка со пасија за фотографија. Љубителка на јапонската кинематографија која може да живее на мочи-диета до крајот на животот.

Стефан Ристовски: Инженер по индустриски дизајн, но се занимава со графички. Фанатик по јапонска традиција и поп култура. Прави најдобро аматерско суши!

Марко Николов: Back-end девелопер. Љубител на јапонската традиција и поп култура. Живее со Game Boy во рака од 5-годишна возраст и опсесивно слуша јапонска city pop музика.

Тања Блажевска: Лингвист. Обожава аниме, ј-рок, ј-поп и к-поп, а во слободно време пишува fanfictions.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

По долгогодишни барања од фановите, PlayStation објави дека конечно ќе ги донесе трофеите на ПЦ. Бидејќи PlayStation продолжи да ја продлабочува својата поддршка за платформата за PC со нови изданија на игри, фановите почнаа да сакаат да видат дополнителни елементи и функции што се гледаат на PS5 и PS4. Сега, веројатно најголемата таква карактеристика, Трофеи, конечно треба да се појави на компјутер со следното издание на PlayStation за хардверот.

Ловците ги острат нивните контролери

По ексклузивниот извештај на TrueTrophies дека Sony тестира трофеи за PlayStation PC уште во 2023 година, воодушевени сме што можеме да кажеме дека трофеите на PlayStation PC конечно се потврдени за лансирање во мај 2024 година. Плус, сето тоа започнува со една од најдобрите игри за PS5 на компјутер што добива поддршка за трофеи при лансирањето!

Објавено преку блогот за PlayStation, трофеите за PlayStation PC ќе бидат пуштени во четврток, 16 мај 2024 година, заедно со издавањето на Ghost of Tsushima Director’s Cut за компјутер. Ова значи дека на PC за првпат ќе има отклучување на Платинум трофеј. Новата трофејна компатибилност на компјутер, исто така, ќе биде лансирана заедно со новото преклопување на PlayStation/PC, кое исто така ќе ви овозможи да ги префрлите списокот на пријатели и поставките на профилот на PSN од PS5 и PS4.

Корисниците на PC ќе треба да се најават на нивните PSN акаунти додека играат игри на компјутер компатибилни со трофеи за да добиваат трофеи. Тоа ќе им овозможи и пристап до нивниот PSN.

Исто така, не е потврдено дали претходно објавените игри за PC PlayStation ќе добиваат поддршка за трофеи или дали сите PlayStation PC игри ќе добиваат поддршка за трофеи понатаму. Безбедно е да се претпостави дека игрите како God of War Ragnarok и Marvel’s Spider-Man 2 ќе добијат поддршка за трофејот за PlayStation PC кога на крајот ќе бидат лансирани на платформата. Сепак, останува нејасно дали игрите како Horizon Forbidden West или Ratchet и Clank Rift Apart ќе го следат примерот.