На 13 јули ќе се одржи првиот JRPG Quest во BASE42

Организацијата за промоција на источноазиски култури во Македонија, ПАГОДА во соработка со медиумот за филмови и серии, стрипови и поп култура, Комикс.мк, го најавија првиот JRPG настан во земјава насловен “JRPG QUEST ’24” кој ќе се одржи на 13 јули, со почеток во 19 часот, во просториите на локалот BASE42.

Настанот ќе се отвори со панел дискусија на тема “Од пиксел до полигон: Како JRPGs повторно го освоија светот” со гости со огромно гејмерско искусто зад себе: Николај Јанушев, Андреја Поповиќ – дизајнер на видео игри (Galactic Omnivore, Print N Play), Рики Манасиев (2D аниматор) и Ангела Марковиќ Манасиева (IT инженер).

Дискусијата ќе покрие повеќе теми, меѓу кои и:

  • Што е JRPG и како е настанат терминот?
  • Што е разликата меѓу JRPGs и западни RPGs во минатото?
  • Ј во JRPG
  • Западното влијание врз JRPGs, како и нивното влијание на западно тло
  • Релативизација на терминот JRPG: класицизам против модернизам
  • Што претставува JRPG за вас денес?

И многу повеќе!

Во рамките на овој сегментиран JRPG наастан се предвидени и:

  • Гејминг корнер овозможен од Анхоч, Генесис и Print N Play подготвен за тестирање на JRPG игри на PlayStation 5, Nintendo Switch, ретро конзоли, како и друштвени игри со RPG тематика.
  • Корнер за сликање овозможен од Редбул каде гостите ќе имаат можност да се фотографираат со props од JRPGs и да учествуваат во натпревар за три најкреативни фотографии кои по завршувањето на настанот ќе бидат наградени со пакети од Редбул.
  • Промоција на YouTube каналот FF Eorzian Reborn фокусиран на Final Fantasy музика и визуелизации.
  • Проекција на анимираниот филм “Final Fantasy: Advent Children”.
  • Продажен дел со тематски anime merch од Animeshop.mk и пијалоци подготвени од Drunken Monkeys.

Настанот е од отворен тип и бесплатен влез, одлична можност за дружба, гејмање, едукација и дискусија помеѓу љубителите на видео игрите.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Во неодамнешното финансиско ажурирање, извршниот директор на Ubisoft откри дека компанијата вложила повеќе пари и напор во маркетингот на Star Wars Outlaws од која било друга игра на Ubisoft досега објавена. Тој, исто така, истакна дека компанијата очекува силно лансирање врз основа на „позитивното расположение на заедницата“ што го циркулира проектот.

Сепак, неодамнешното видео за игра што се појави на интернет предизвика негативни повратни информации врз основа на тоа колку „неисполирано“ изгледа играта – и таа се појавува на пазарот за само еден месец.

За Ubisoft скап паркетинг означува успех!

За време на неодамнешниот повик за заработка, Ив Гилемот, долгогодишниот извршен директор на Ubisoft, изјави:

Она што го земаме предвид е силно лансирање на „Star Wars Outlaws“. Тоа е фактот дека е меѓу најочекуваните игри во индустријата оваа година и одразува навистина силно позитивно расположение на заедницата, а исто така и фактот дека доаѓаме со најголемата маркетинг кампања досега за игра на Ubisoft.

Би било интересно да се видат бројките, бидејќи некои наслови на Ubisoft, како што е Watch Dogs од 2014 година, имаа маестрални маркетинг кампањи кои вклучуваа обемни трејлери, CGI, билборди, рекламни спотови и многу повеќе. Некои проценки ги ставаат маркетиншките буџети за насловите на Assassin’s Creed во стотици милиони долари. За споредба, не се чувствувам како „Star Wars Outlaws“ да уживаат во таа плодна маркетинг кампања.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!