Легендарниот Хидео Коџима откри дека има неколку адаптации на Death Stranding кои се во изработка, од кои едната е долгометражниот филм што беше најавен во декември 2023 година. За тој филм е предобро бидејќи го прави со познатите „A24“. Тој откри дека го „проширува ИП-то во неколку насоки“, а во исто време работи на ново IP, како што се Physint и O.D., од кои вториот се произведува заедно со познатиот актер и режисер Џордан Пил.
Баравме Коџима Универзум? Епа сега ќе го добиеме!
Во едно неодамнешно интервју за Variety, Хидео Коџима подетално зборуваше за производите на на Kojima Productions и за она што спремаат за во иднина, и краткорочно и долгорочно. Тој напомена дека има „лична, идеална временска рамка“ за многуте проекти на кои работи и предложи дека е подготвен да се здружи со Гилермо дел Торо, Николас Виндинг Рефн и Џорџ Милер за да состави некои од овие амбициозни продукции.
За време на неговото интервју, Коџима зборуваше за тоа што го гради тимот со Death Stranding IP:
Во моментов се во тек неколку проекти за адаптација на „Death Stranding“, но имам друга приказна што ја напишав и е наменета за филм. Но, немам време да станам режисер и на него…
Се чини како да има неколку филмови кои што ги спрема заедно во соработка со студиото A24. Тоа беше откриено во декември 2023 година, при што Коџима напиша:
Сега, заедно правиме филм за Death Stranding. Има многу „филмови за адаптација на игри“ таму, но она што го создаваме не е само директно пресликување на играта.
Намерата е нашата публика да не биде само љубител на игрите, туку нашиот филм да биде за секој што сака филмови. Создаваме универзум Death Stranding каков што досега не бил виден, па дури ни замислен.
Многу студија се насочуваат кон концептот на мултимедијални универзуми, а Kojima Productions се толку добро позиционирани да го прават токму ова. Со години, Хидео Коџима се смета за визионер, а со децении игрите што тој ги создава – било во Konami или под неговата сопствена етикета.