Анимираниот Super Mario Bros. филм е одложен до 2023 година

Анимираниот Super Mario Bros. за жал нема да го видиме оваа година како што првично требаше да го видиме. Филмот е презакажан за следната година и треба да го видиме во април 2023.

Големиот Shigeru Miyamoto кој што е креатор на Mario на Twitter профилот на Nintendo го изјави ова одложување. Новите дати на филмот се 7ми април (САД) и 28ми април (Јапонија).

За филмот знаеме многу малку работи скоро ништо, а требаше да пристигне овој декември. Сега ќе треба да чекаме уште една цела година. За жал немаме ни трејлер, ни дата кога да очекуваме некој трејлер, што е нормално бидејќи е одложено за година дена, ќе им треба доста време додека средат се како што треба. Само ја знаеме листата на кои гласови ќе ги слушнеме низ Кралството на Печурките.

Ѕвездата од Jurassic World, Guardians of the Galaxy, Lego Movie и наскоро гласот на Garfield, Chris Pratt ќе биде во улога на Mario.

Потоа сите останати Anya Taylor-Joy – Peach, Charlie Day – Luigi, Jack Black – Bowser, Keegan-Michael Key – Toad и Seth Rogen – Donkey Kong. Charles Martinet, човекот кој го дава гласот на Mario треба да има некакво појавување и тоа би било многу интересно да видиме какво појавување ќе има. Дали ќе биде некој Easter Egg или филмот ќе се фокусира на нешто за и он да има појавување. Нешто слично како што беше со The Lego Movie. Кој си ја знае супер, да не правиме сепак спојлери за тие што го немаат гледано.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Игрите од франшизата „Lord of the Rings“ обично се полни со конфликти, без разлика дали сте група џуџиња што навлегува длабоко во рудниците на Морија и се бори против орките, или Голум што се прикрадува низ Мордор и се обидува да не стане вечера за своите непријатели. Играта Tales of the Shire: A Lord of the Rings Game ги избегнува сите мрачни работи, но наместо тоа им нуди на играчите шанса да уживаат во лабавиот живот на хобитот во селото Бајвотер.

Новозеландската компанија за специјални ефекти Wētā Workshop – која беше одговорна за сценографии, костими и непријателите во трилогијата на LOTR – ја најавија играта минатата година, но трејлерот погоре е нашиот прв правилен поглед на нејзината животна симулација на тема хобит.

Првично што вие ќе направите е хобит „со низа приспособувања“, велат од Wētā, а потоа само ќе го направите она што го прават хобитите: украсете ја вашата куќичка, риболов, сточарство, земјоделие, правење градина и нормално ќе си печете убави пити.

Ќе можете да се задоволувате и со вашите колеги хобити и „да изградите односи со локалното население на Бајвотер помагајќи им да изградат градина, споделувајќи еден од многуте дневни оброци за хобити и многу повеќе“.

Вашата главна цел ќе биде да му помогнете на Бајвотер да стане големо и успешно село со организирање на – Фестивалот Бајвотер. Можеби ќе ве посети и некој познат волшебник…

Зборувајќи за годишните времиња, текот на времето ќе има влијание врз вашите активности, дозволувајќи ви да собирате сезонски култури и цвеќиња и да воведете време кое „влијае на секојдневните рутини“.

Wētā, исто така, пропагира некои „сезонски изненадувања“. Надвор од самото село, ќе можете да барате и изгубени богатства – сепак, веројатно не магично оружје.

Ќе биде интересно да се види како Wētā го обновува животот на минијатурните жители на Средната Земја.

Middle-earth Enterprises му даде на развивачот „најшироката креативна лиценца за толкување на основните учења на книгите“, така што има одредена флексибилност во однос на тоа како ги прикажува.

Сè уште нема тврд датум за издавање, но можете да очекувате патување до Бајвотер во втората половина на 2024 година.