Во изработка е следната Horizon игра

Guerrilla Games работат на следната Horizon игра која ќе биде онлајн проект поставен во универзумот Horizon. Развивачите на PlayStation ја потврдија оваа игра со тоа што поставија оглас каде што бараат луѓе кои ќе работат на оваа игра на нивните социјални мрежи. Веста е споделена на посебни социјални мрежи на Guerrilla Games, каде што развивачот објави голем број различни работни места што сакаат да ги пополнат за да се изгради тим што ќе работи на „посебен онлајн проект поставен во универзумот на Horizon“. Беа споделени неколку други детали освен фактот каква ќе биде оваа игра, но таа ќе се состои од нова екипа на ликови, како и „уникатен стилизиран изглед“.

Списоците за работни места беа споделени на Twitter, како и на главната страница за работни места за Guerrilla Games. Тие се состојат од буквално сè, од наративен дизајнер до директор за дизајн до „дизајнер за ангажирање на играчи“. Работните места кои што се како Skills, Rewards, Progression и начините за одржување на играчите активни и поттикнати се споменати низ сите овие огласи за онлајн проектот, но не се спомнуваат некои истакнати детали како Combat или нешто слично.

Што се однесува до новиот стилизиран изглед на играта, ништо не беше кажано многу за тоа. Сликата на објавата за работа споделена на Твитер нуди најмногу детали во тој поглед.

“We are continue to create epic solo adventures for Aloy. But there is more. A new internal team is developing a separate Online Project set in Horizon’s universe. Featuring a new cast of characters and a unique stylized look, friends will be able to explore the majestic wilds of Horizon together.”

Уште во ноември беше објавено дека PlayStation наводно се стреми кон Horizon MMO. Компанијата наводно работеше со развивачот NCSoft на овој проект, студио кое има искуство со MMO.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…