Spider-Man: The Great Web – откажаната игра на Insomniac која требаше да биде Spider-Man 2

По огромното протекување на Insomniac што силно ја погоди компанијата пред неколку месеци, сè уште се повлекуваат содржини што откриваат нови, во развој и откажани проекти, производи и концепти. Неодамна, корисниците налетаа на трејлер за откажаната мултиплеер игра, Spider-Man: The Great Web, и веднаш трејлерот за играта протече на интернет…

Ова требаше да биде игра со повеќе играчи, најмногу пет карактери, изградена на основа на Лајв сервис, но беше откажана од Sony – како што беше откриено од протекувањето на Insomniac. Во протечениот трејлер за The Great Web – кој изгледа неверојатно полиран – добиваме увид во тоа како би можел да изгледа тој производ.

With Great Web Comes Great Responsibility

Во краткиот трејлер што протече на интернет денес, Spider-Man: The Great Web е целосно објаснета, со видеото што прикажува неверојатни елементи за мултиплеер кои би имале пет играчи против Sinister Six во Њу Јорк. Би бил изграден околу модел на мултиверзум, кој наводно бил разбиен од Scarlet Witch, и би имало опции за прилагодување на ликот што ќе воделе до разновидна низа суперхерои кои се здружуваат за да се борат со големите лоши момци.

Пред неколку месеци протекоа серија слики од The Great Web, но ова е прв пат да видиме трејлер. Раскажан е од Yuri Lowenthal – актерот кој го дава гласот на Питер Паркер – и изгледа спремна за продажба. Искрено се чини дека е трејлер за производ што можеше да биде објавен неколку дена откако беше откриен – бизарно и потресно е за обожавателите на Спајдермен ширум светот што производот нема да ја види светлината на денот.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Следната Battlefield игра нема да биде само игра на EA направена од DICE. Наместо тоа, ќе има четири различни студија кои ќе работат на следниот наслов од франшизата. EA ја одржаа својата конференција за Денот на инвеститорите 2024 година, и даде малку повеќе информации за тоа кој ќе ја развива играта и на кој начин.

Според компанијата, DICE ќе се фокусира на онлајн мултиплеер на играта. Motive, кој беше најавено дека ќе се пресели во Battlefield претходно оваа година, ќе работи на кампањата. Criterion Games, кои работеа на Battlefield V, како и на франшизата Need For Speed, работи и на кампањата и на мултиплеер. И на крај, Ripple Effect работат на „ново искуство“ кое ќе биде објавено во иднина.

Неодамна, EA потврди претходна ексклузива за медиумот Insider Gaming во врска со карактеристиките за следната игра на Battlefield. Играта ќе има враќање на мапи со 64 играчи, систем базиран на класи, и ќе биде објавена некаде во 2025 година.

Повеќе информации за играта ќе бидат откриени подоцна, вклучувајќи прв поглед на играта, режимите, датумот на објавување и многу повеќе.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!