Spider-Man 2 ќе биде лудило игра! Сите новости од State of Play

Креативниот директор Bryan Intihar сподели секакви нови детали за Spider-Man 2 за време на вчерашниот PlayStation State of Play. Додека ја прикажуваше новата игра, Intihar сподели голема листа со детали за Spider-Man 2, која можете да ја видите подолу.

  • Масивен Регион за Играње – Градот е двојно зголемен од Marvel’s Spider-Man и Miles Morales
  • Web Wings – Некој вид на мали крила кои ги имаат Peter Parker и Miles Morales кои им овозможуваат побрзо да се движат низ градот и да можат да лебдат низ воздухот. Нешто многу слично е тоа што го имаше Batman во Arkham серијалот
  • Нови Локации кои што се Многу Познати – Старото средно училиште на Peter Parker е локација што можете да ја посетите, како и Visions Academy каде што студира Miles Morales
  • Брзи Промени помеѓу Карактерите – Ќе можете да се замените помеѓу Parker Spider-Man и Morales Spider-Man речиси веднаш благодарение на брзината која што ја има SSD-то на PS5. Ова е директна инспирација од тоа што пред 10 години го видовме во GTA V што беше фантастично, но овде брзината ќе е супериорна!
  • Нов UI/AR – Благодарение на новата и по модерната технологија која што е вградена во костимите на карактерите, градот ќе е многу повеќе полн со работи кои што ќе се целосно Side-Quests доколку сакате да ги играте, но дополнително и работи кои што ќе ги добивате со текот на самата кампања
  • Вградена Апликација – Parker и Morales ќе можат да користат Мобилна Апликација на нивните телефони каде што ќе излегуваат сите мисии и странични обврски кои што треба, или можеби ќе сакате да ги правите. PlayStation сакаат тој детал малку повеќе да го изградат да има поголема интеракција
  • Нема да можете да играте само со еден Spider-Man – Луѓето ќе бараат помош од Spider-Man често… Но многу често ќе бараат одреден Spider-Man да им помага! Не секогаш ќе можете сите работи да ги вршите само со Peter или само со Miles
  • Нов систем за Fast Travel – Ова вака можеби на збор не звучи јако, но луѓе!!! Уште не сме свесни колку е брза PS5 конзолата! Благодарение на новиот систем и брзината, ќе можете да направите Fast Travel кој што нема ни да трае, едноставно веданш ќе можете да влезете од дел на градот во друг дел. Сите знаеме како работи Fast Travel во игри, но сепак од најдалечниот дел на градот до сосмема друг крај само да можете да си продолжите е магично!
  • Над 65 костими – Можеби на многумина козметиката не е нешто спесифично, но сепак во Marvel’s Spider-Man игрите секој костим дава спесифични напади или клучни елементи, така да замислете преку 60 различни специјални напади што ќе ви ги даваат костимите! Маестрално!

Marvel’s Spider-Man 2 пристигнува на 20 октомври ексклузивно на PlayStation 5! За жал на PS4 нема да ја видат луѓето што се уште немаат од поновите генерации, но сепак има шанса ако можете Marvel’s Spider-Man 2 да ја играте на PS4, ќе имате пожар во вашиот дом…

МАРКЕТИНГ

About The Author

Кон крајот на минатата година, Blizzard Entertainment објави дека Chris Metzen, легендарниот дизајнер, писател па и гласовен актер кој стои зад некои од најдобрите игри во студиото некогаш ќе се врати како креативен советник. Денес отидоа чекор понатаму, објавувајќи дека Metzen сега се враќа на полно работно време како извршен креативен директор за универзумот Warcraft. Тоа значи дека Metzen ќе го води тимот на World of Warcraft бидејќи „ја создава следната генерација на авантури“. Со оглед на тоа што „World of Warcraft“ веројатно ќе се засили до нејзината следна експанзија, он се враќа во редот со полно работно време во клучно време за франшизата.

Како што очекувате, првичната објава не содржи никакви детали за тоа на што точно работи Metzen и тимот. Наместо тоа, им кажа на фановите дека ќе ги покажат првите новости од ова партнерство на BlizzCon. Настанот е планиран да се одржи на 3 ноември 2023 година и најверојатно на фановите ќе им ги даде првите детали за новото проширување. На крајот на краиштата, возбудата за него веќе почнува да се зголемува дури и кога Patch 10.2 е сè уште тука. Во секој случај, се чини уште поверојатно дека пред тоа една од главните точки за разговор на Blizzard на настанот ќе биде деветтото проширување за World of Warcraft.

Во овој момент, навистина немаме идеја што би можело да биде тоа проширување. Имаше гласини дека можеби е пиратска тема, но тие гласини брзо беа уништени од претседателот на Blizzard. Потенцијално, би можеле да го видиме Thrall назад како главен лик со Metzen повторно на чело. Не само што Metzen го создаде ликот, туку и го даде својот глас. Друг лик што тој го изгради, Vol’Jin, беше на работ на реинкарнација за време на Shadowlands, правејќи го некој друг кој би можел да се врати на голем начин со Metzen да го води обвинението. Без разлика, BlizzCon сигурно ќе биде возбудливо време за обожавателите на World of Warcraft.