LEGO Horizon Adventures ќе биде најавена на Summer Game Fest

Новиот извештај детализираше дека LEGO Horizon Adventures ќе биде откриена за време на Summer Game Fest. Новиот извештај доаѓа од познатиот датамајнер bilbill-kun преку Dealabs, кој често ги наоѓа поголемиот дел од неговите информации со помош на веб-страници. Според датамајнерот, ЛЕГО играта треба да бидат откриена на Летниот Гејминг Фест, а пред-нарачките ќе бидат во живо веднаш по најавување на играта.

Минатиот месец, медиумот Insider Gaming ексклузивно објавија дека игра ЛЕГО играта е во развој. Благодарение на заштитните знаци пронајдени од корисникот на Твитер Kurakasis, името на играта беше откриено како „LEGO Horizon Adventures“.

Bilbill-kun, исто така, додава во својот извештај дека играта ќе биде достапна на првиот ден и на PlayStation 5 и на PC, што е во согласност со најновите коментари на PlayStation за објавување игри со лајф-сервис заедно на двете платформи. Според извештајот, играта исто така, ќе го поддржува крос-платформ меѓу платформи и ќе има достапни две изданија на играта: стандардно и луксузно издание.

Цените, содржината и датумот на издавање на играта и нејзините изданија сè уште не се достапни.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во последниве денови, една бизарна игра на Steam стана популарна – BANANA. Премисата на оваа игра е дека играчите кликаат на банана додека не заработат нови банани… Тоа е тоа… Да умре човек од кринџ! Но, има огромен пресврт во играта – луѓето периодично заработуваат случајни скинови (или овде може да се каже ‘кори’ од Банани) од различни реткости со кои можат да направат профит, продавајќи ги на Steam Market на други корисници…

Проблемот е во тоа што развивачот препознал дека огромното мнозинство од 700.000 врвни играчи снимени на Banana се ботови. Со оваа игра што користи „помалку од 1%“ од ресурсите на вашиот компјутер, луѓето поставуваат илјадници лажни профили за да ја водат оваа игра базирана на кликање со надеж дека ќе обезбедат и продаваат ретки скинови од банани, чиишто вредности брзо растат.

Од Бананче до Профитче

Во моментов, најскапите скинови (иако сакам да ги кажувам ‘Кори’ во овој случај) од банани што се продаваат на пазарот достигнаа повеќе од 1.000 долари, поради што се вклучуваат корисници со армии на ботови. Во интервју за медиумот Polygon, развивачот на играта призна дека станува збор за „легална грешка со глич за бесконечни пари“, а тимот размислуваше колку време ќе биде потребно пред Valve да се вклучи за да ја уништи играта.

Целата игра е вака:

  • Отворете ја Бананата
  • Кликајте на Бананата
  • Добивајте Дропови/Скинови
  • Тоа е тоа

Во интервјуто, развивачот потврди дека кога бројот на играчи бил 141.000, само една третина од тие играчи биле вистински. Останатите биле ботови. Додека повеќето корисници ги продаваат своите скинови од банани за едноцифрени центи, некои заработиле стотици долари преку играта. Исто така, развивачот го турка аспектот на играта за ангажирање во заедницата, нагласувајќи дека корисниците придонесуваат со своите дизајни, што на неодредено време го зголемува бројот на скинови од банани достапни за отклучување.

На Steam, Banana се рангира повисоко од Dota 2, PUBG, Apex Legends и GTA 5 во однос на вкупниот број на играчи, дури и ако повеќето од тие „играчи“ се ботови управувани од функциите за автоматско кликнување.

КЛИКАЈ

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!