Кога Ubisoft официјално ја претставија Beyond Good & Evil 20th Anniversary Edition минатата недела, многу фанови веднаш почнаа да прашуваат за Beyond Good & Evil 2.
Играта за прв пат беше објавена во 2016 година и оттогаш е во фаза на работа, или конкретно кажано, пеколна фаза. Виде повеќекратни рестартирања и промени во управувањето што наведоа многу фанови само да претпостават дека играта не доаѓа.
Сепак, Ubisoft во понеделникот потврди дека Beyond Good & Evil 2 се уште е на пат.
„Да, Beyond Good & Evil 2 сè уште е во развој и едвај чекаме да откриеме повеќе и за Jade и за самата игра”
Официјална изјава од Ubisoft на Twitter (X)
За жал ова е објава која што не одговара на никакви битни прашања, и не кажува ништо посебно бидејќи многумина никогаш не ни слушнале за Beyond Good & Evil франшизата.
Фановите бараат многу, не добиваат ништо.. Но сепак се работи за Ubisoft, разбирливо е, не ги бива.