GSC Game World штотуку објавија дека Stalker 2: Heart of Chornobyl повторно е одложена за уште два месеци. Сега ќе биде објавена (веројатно официјално) на 20 ноември 2024 година. Ова ќе биде удар за фановите кои очекуваа да го добијат постапокалиптичниот еп од отворен свет во претстојниот септември. Поминаа години откако беше откриен Stalker 2: Heart of Chornobyl, но се појавија безброј проблеми што го спречија GSC да ја испорача играта според оригиналниот временски распоред. Првично и најглавно е војната која што се уште е активна.
Доколку не е готова, не ја пуштаат
Во краткиот трејлер, GSC Game World го откри доцнењето на многу интересен начин, со тоа што претставија гејмплеј за како зоната нема да биде достапна до 20ти ноември. Карактерот дополнително кажува „Навистина, повторно?“
Во изјавата, директорот на играта во GSC, Јевен Григорович, изјави:
Знаеме дека можеби сте уморни од чекање и навистина го цениме вашето трпение. Овие два дополнителни месеци ќе ни дадат шанса да поправиме повеќе „неочекувани аномалии“ (да бидам директен „Багови“). Секогаш сме благодарни за вашата постојана поддршка и разбирање – тоа ни значи светот. Ние сме исто толку желни како и вие конечно да ја објавиме играта и да ја искусите сами.