Lars Gustavsson, поранешниот креативен директор на игрите Battlefield од DICE и – многу поважно – човекот што порано го нарекуваа „Mr Battlefield“, има ново студио. Претставено утрово, TTK Games е ново студио со седиште во Стокхолм, кое работи на „нова, next-gen online shooter“.
Може ли таа нова игра да земе некои детали од Battlefield? Кој може да каже… Ќе поминат години додека не го видиме на дело, но можеби ќе можеме да сфатиме нешто од останатите основачи на ТТК. Придружувајќи се на Gustavsson како коосновачи се:
- Daniel Berlin, поранешен водечки World дизајнер и дизајнерски директор на повеќето Battlefield игри
- Vidar Nygren, поранешен технички директор на Battlefield и човекот кој го водеше развојот на Frostbite енџинот на EA
- Peter Hoyles, поранешен уметнички директор на студиото за DICE LA и уметник на повеќе игри од серијалот на Battlefield
Сите овие 4 коосновачи ќе тераат кон една цел… Или ќе направат нова слична игра на Battlefield која ќе биде подобра од тоа што го има сега, или едноставно се згадени од целата таа франшиза и сакаат да направат нешто сосема ново.
ТТК велат дека имаат обезбедено „значително финансирање“ за своите проекти, што секако звучи убаво, и вели дека ја задржала и својата „креативна слобода“.