Нова Battle Royale Игра од познатите стримери – TimTheTatman, Ninja, Nickmercs, CourageJD и SypherPK

TimTheTatman, Ninja и неколку други познати стримери ги здружуваат силите за да направат своја Battle Royale игра… и тоа го прават во рамките на Fortnite… Во текот на последната деценија, на интернетот се гледа најголемиот раст на контент креатори како никогаш до сега. Тие станаа главен дел од тоа како луѓето уживаат во игрите, бидејќи обезбедуваат забавна алтернатива за уживање во игра како Call of Duty, Grand Theft Auto или некој друг популарен наслов. Факт е дека денес сите гледаме и следиме стримери, тоа ни е буквално дел од нашиот гејмерски живот. Сепак, некои од овие стримери не се задоволни од начинот на кој некои од овие игри се ракуваа во последните неколку години и се обидуваат да направат свои игри. DrDisrespect формираше свое студио со голем број ветерани од индустријата за да направи нова FPS игра, 100 Thieves работи на свој FPS, а сега овие момци прават свој Battle Royale.

TimTheTatman, Ninja, Nickmercs, CourageJD и SypherPK објавија дека работат на нова игра со жанр Battle Royale игра и ја градат во рамките на Unreal Editor за Fortnite. Ова е алатка која им овозможува на играчите да изградат свои уникатни искуства во Fortnite и додека Epic се едвај првите што направиле такво нешто, ова е една од најдлабоките алатки и овозможува некои вистински креации што ќе ви паднат на вилицата. Сепак, оваа група прави нов Battle Royale што го означуваат како Project V, истакнувајќи дека „знаат што го прави вистинскиот Battle Royale одличен“. Групата ангажира програмери и девелопери да работат во рамките на UEFN.

“We’ll be taking our time to develop this game as features for UEFN become more powerful and flexible. With custom weapons, a full scale map, fluid movement and unique mechanics in our sights, we have ambitious plans to build something really unique. While we can’t give away too many details about the game just yet, here’s what we can tell you: Project V will be a game that puts community feedback and features front and center. We believe that our players should have a say in shaping the game they play.

So, what’s next? The heart of Project V is our community, so we’ll need your feedback and votes to shape our game. To make sure your voice is heard and to stay up-to-date on development, follow us on Twitter and subscribe to our newsletter! And if you share this vision as a game developer, Fortnite creative expert, or just someone who loves making games, check out our open roles to join the team!”

Изјава од познатите стимери за нивниот Battle Royale

МАРКЕТИНГ

About The Author

Следната Battlefield игра нема да биде само игра на EA направена од DICE. Наместо тоа, ќе има четири различни студија кои ќе работат на следниот наслов од франшизата. EA ја одржаа својата конференција за Денот на инвеститорите 2024 година, и даде малку повеќе информации за тоа кој ќе ја развива играта и на кој начин.

Според компанијата, DICE ќе се фокусира на онлајн мултиплеер на играта. Motive, кој беше најавено дека ќе се пресели во Battlefield претходно оваа година, ќе работи на кампањата. Criterion Games, кои работеа на Battlefield V, како и на франшизата Need For Speed, работи и на кампањата и на мултиплеер. И на крај, Ripple Effect работат на „ново искуство“ кое ќе биде објавено во иднина.

Неодамна, EA потврди претходна ексклузива за медиумот Insider Gaming во врска со карактеристиките за следната игра на Battlefield. Играта ќе има враќање на мапи со 64 играчи, систем базиран на класи, и ќе биде објавена некаде во 2025 година.

Повеќе информации за играта ќе бидат откриени подоцна, вклучувајќи прв поглед на играта, режимите, датумот на објавување и многу повеќе.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!