Креаторот на легендарното MMO RuneScape – Андру Говер, го претстави новата MMО игра која што ја прави повеќе од 10 години. Се работи за играта “Brighter Shores” која што многу наликува на самата RuneScape игра која што Говер ја направи со неговиот брат пред повеќе од 20 години.
Студиото Fen Research и самиот Говер планира играва да ја издаде некаде во третиот квартал од 2024 година. Играта ќе биде целосно бесплатна од првиот ден.
An all new adventure from award winning MMORPG designer Andrew Gower. It is an enchanting point-and-click style RPG with hundreds of hours of gameplay, set in a land of magic and mysteries, with a huge number of professions to try, and something new to find around every corner.
Официјалната дескрипција од Steam за играта
Играта ќе биде класична RPG каде што ќе има класи, уникатни напади за сите класи, огромни скил дрва, и нормално професии како во сите други MMO игри. Девелоперот ветува дека играта ќе има долга и интересна кампања која што играчите ќе ја следат додека играат. И нормално по ланисрањето на играта ќе има голем број на епизодни продолженија како експанзии.
Во играта ќе има “Premium Pass” механика која што е многу типична за овој модел. Тие што ќе ја играат Brighter Shores бесплатно ќе можат да ги истражуваат Hopeport и Hopeforest. Тие што ќе имаат Premium Pass ќе имаат можност за поголеми истражувања и бенефиции како:
- ‘Mine of Mantuban’
- ‘Crenopolis’
- Unique character name (without a # suffix)
- Exclusive armour dyes
- Name changing
- Player to Player trading
Да не се лажеме, ова е голема бариера за тие кои што нема да купат Premium Pass… За сега за играта можете само да си направите Wishlist на Steam.