EA FC 25 пристигнува на 27ми септември

Датумот на објавување на EA FC 25, вториот фудбалски наслов од EA Sports по истекот на лиценцата на ФИФА, протече онлајн многу порано од тоа што требаше да биде најавена.

жСпоред луѓето кои што се познати дадта мајнери billbil-kun и dealabs, EA FC 25 треба да излезе на 27 септември. Играта треба да има стандардно и ултиматно издание. А тие кои ќе направат пред нарачка на Ultimate Edition ќе ја добијат играта седум дена порано! Да… СЕДУМ ДЕНА ПОРАНО!

Сите ќе ја викаме FIFA 25

Стандардното издание на играта ќе чини 69,99 долари, додека Ultimate Edition ќе чини 99,99 долари. Како и обично, членовите на EA Play ќе добијат 10-часовна проба на играта при раниот пристап.

Имаше гласини за различни промени кои доаѓаат во режимите како што се Pro Clubs и Ultimate Team. Сепак, не можеме се уште да ги потврдиме гласините врз основа на изворот.

EA FC 25 се очекува да излезе на Xbox Series X|S, PlayStation 5, PC, како и на последната генерација на Xbox One и PlayStation 4.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во неодамнешното финансиско ажурирање, извршниот директор на Ubisoft откри дека компанијата вложила повеќе пари и напор во маркетингот на Star Wars Outlaws од која било друга игра на Ubisoft досега објавена. Тој, исто така, истакна дека компанијата очекува силно лансирање врз основа на „позитивното расположение на заедницата“ што го циркулира проектот.

Сепак, неодамнешното видео за игра што се појави на интернет предизвика негативни повратни информации врз основа на тоа колку „неисполирано“ изгледа играта – и таа се појавува на пазарот за само еден месец.

За Ubisoft скап паркетинг означува успех!

За време на неодамнешниот повик за заработка, Ив Гилемот, долгогодишниот извршен директор на Ubisoft, изјави:

Она што го земаме предвид е силно лансирање на „Star Wars Outlaws“. Тоа е фактот дека е меѓу најочекуваните игри во индустријата оваа година и одразува навистина силно позитивно расположение на заедницата, а исто така и фактот дека доаѓаме со најголемата маркетинг кампања досега за игра на Ubisoft.

Би било интересно да се видат бројките, бидејќи некои наслови на Ubisoft, како што е Watch Dogs од 2014 година, имаа маестрални маркетинг кампањи кои вклучуваа обемни трејлери, CGI, билборди, рекламни спотови и многу повеќе. Некои проценки ги ставаат маркетиншките буџети за насловите на Assassin’s Creed во стотици милиони долари. За споредба, не се чувствувам како „Star Wars Outlaws“ да уживаат во таа плодна маркетинг кампања.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!