Кога Grand Theft Auto (GTA) 6 беше претставена и најавена во декември, играчите веднаш забележаа дека играта е најавена само за Xbox Series X|S и PlayStation 5. Недостигот за издание на ПЦ при лансирањето фрустрира многумина кои ќе чекаа 12 години од првичното лансирање на играта на PS3 и Xbox 360 во 2013 година до моментот кога ќе излезе GTA 6. Сопствениците на Rockstar, Take-Two Interactive сега се осврнуваат на одлуката да не ја објави GTA 6 за ПЦ.
За време на разговорот на конференцијата TD Cowen на 30 мај, извршниот директор на Take-Two, Штраус Зеник, беше прашан за недостатокот на најава за компјутер за играта (околу шест минути во изјавите), и дали тоа е цврста одлука.
“Well, the lack of an announcement is not something that could be set in stone as near as I could tell, because the only thing that happens after the lack of an announcement is an announcement, I suppose, or a continuing lack of an announcement, I guess that could happen too. It doesn’t seem to me that either would be set in stone”. Изјави пред сите кои беа на конференцијата
Изјава од Извршниот директор на Take-Two, Штраус Зеник
Се дополни со: “But Rockstar has an approach to platforms which we’ve seen before, and they will make more announcements in due time. I do believe that the right strategy for our business is to be where the consumer is, and historically what this company has done is address consumers anywhere they are, on any platform that makes sense, over time.”
Немаше продолжение на темата бидејќи конференцискиот повик се придвижи со други деловни прашања за Зелник. Како што изјави, неговите коментари сигурно ја отворија вратата да се надеваме дека GTA 6 ќе биде објавена на компјутер. Сепак, колку блиску до првичното издание останува да се види. GTA 5 не дојде на компјутер до скоро две години по неговото првично објавување. Најновото издание на студиото, Red Dead Redemption 2, беше објавено на компјутер дури една година по објавувањето на конзолата.