Групацијата Embracer имаат отпуштено 4500 работници и прекинато 80 проекти во една година

Од првите недели на 2023 година, гејминг иднустијрата е погодена од турбуленции што сè уште се брануваат низ глобалниот пазар денес. Десетици илјади работници во индустријата се најдоа без работа, старите студија беа затворени, а безброј проекти беа откажани додека девелоперите, издавачите и другите индустриски организации пропаѓаа, паничеа и очајнички се обидуваа да ги надоместат загубите.

Групацијата Embracer, кои што комотно може да се кажат дека се најголемите морони во индустријата, седат на врвот на табелата каде што се однесуваат овие намалувања. Во неодамнешното финансиско ажурирање, беше откриено дека во последната година, Embracer направиле технолошки вишок и затвориле 80 проекти…

Преку 4500 девелопери на улица…

Во неодамнешниот фискален извештај објавен од Embracer Group, речиси ненамерно беше откриено дека околу 4.500 вработени биле отпуштени од сите нивни студија на компанијата во текот на минатата година. Тоа е неверојатни 27% од глобалната работна сила и тоа е показател за огромните промени направени од компанијата од почетокот на 2023 година.

Извештајот исто така потврди дека 80 проекти биле затворени. Од јануари до март 2023 година, 221 проект беа во тек, но од јануари до март 2024 година, само 141 беа во игра.

И покрај монументалниот пад, Embracer објави нето-продажба за цела година зголемување од значителен износ – 12% севкупно, при што паричниот еквивалент се искачи на 3,94 милијарди долари. Од огромните инвестиции до затворањето на студијата – од кои некои работеа со децении – Embracer се обиде да ги намали трошоците и да ги врати финансиите по пропаѓањето на договорот вреден повеќе милијарди долари со Саудиска Арабија.

Според сите сметки од внатрешна перспектива, трансформацијата на Embracer Group не е ништо друго освен добра работа. Тоа е суштината на она што извршниот директор Ларс Вингефорс го изјави во фискалниот извештај:

Throughout the past year, our companies and studios have had to part ways with team members. These were necessary but difficult decisions, and it has been important to carry out the changes with compassion, respect and integrity towards those affected. Post-restructuring, we will strive to make continuous improvements as part of our ordinary business, to further improve operational efficiency and capital allocation.

Изјава од Ларс Вингефорс, Извршниот директор на Embracer Group

Во април, беше откриено дека Embracer Group ќе се подели на три одделни компании:

  • Asmodee Group
  • Coffee Stain & Friends
  • Middle-Earth Enterprises & Friends

Глобалната надеж сега е дека работите се стабилизираа во Embracer и ќе продолжат да останат така – индустријата претрпе доволно.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во последниве денови, една бизарна игра на Steam стана популарна – BANANA. Премисата на оваа игра е дека играчите кликаат на банана додека не заработат нови банани… Тоа е тоа… Да умре човек од кринџ! Но, има огромен пресврт во играта – луѓето периодично заработуваат случајни скинови (или овде може да се каже ‘кори’ од Банани) од различни реткости со кои можат да направат профит, продавајќи ги на Steam Market на други корисници…

Проблемот е во тоа што развивачот препознал дека огромното мнозинство од 700.000 врвни играчи снимени на Banana се ботови. Со оваа игра што користи „помалку од 1%“ од ресурсите на вашиот компјутер, луѓето поставуваат илјадници лажни профили за да ја водат оваа игра базирана на кликање со надеж дека ќе обезбедат и продаваат ретки скинови од банани, чиишто вредности брзо растат.

Од Бананче до Профитче

Во моментов, најскапите скинови (иако сакам да ги кажувам ‘Кори’ во овој случај) од банани што се продаваат на пазарот достигнаа повеќе од 1.000 долари, поради што се вклучуваат корисници со армии на ботови. Во интервју за медиумот Polygon, развивачот на играта призна дека станува збор за „легална грешка со глич за бесконечни пари“, а тимот размислуваше колку време ќе биде потребно пред Valve да се вклучи за да ја уништи играта.

Целата игра е вака:

  • Отворете ја Бананата
  • Кликајте на Бананата
  • Добивајте Дропови/Скинови
  • Тоа е тоа

Во интервјуто, развивачот потврди дека кога бројот на играчи бил 141.000, само една третина од тие играчи биле вистински. Останатите биле ботови. Додека повеќето корисници ги продаваат своите скинови од банани за едноцифрени центи, некои заработиле стотици долари преку играта. Исто така, развивачот го турка аспектот на играта за ангажирање во заедницата, нагласувајќи дека корисниците придонесуваат со своите дизајни, што на неодредено време го зголемува бројот на скинови од банани достапни за отклучување.

На Steam, Banana се рангира повисоко од Dota 2, PUBG, Apex Legends и GTA 5 во однос на вкупниот број на играчи, дури и ако повеќето од тие „играчи“ се ботови управувани од функциите за автоматско кликнување.

КЛИКАЈ

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!