Дали е Path of Exile добра замена за Diablo?

Diablo 3 Screenshot

Во екот кога веќе има “leek” за тоа дека скоро ќе излезе Diablo 4 добро е да се потсетиме на моја споредба помеѓу Diablo и Path of Exile.

И двете игри Diablo 3 и Path of Exile  се многу слични, но сепак различни. Додека Path of Exile е бесплатна за играње, а Diablo 3 на пример е „buy to play” (се купува еднаш и се игра без месечни претплати), достапноста е многу битен фактор.

Иако Diablo 3 изгледа подобро и е детално сработена, сепак е прекратка игра во однос на Path of Exile, којашто има многу повеќе содржина. Дрвото со скилови на Path of Exile е воодушевувачко и огромно, особено затоа што секој лик може да се игра како ќе одлучите да му редите таленти. Додека во Diablo 3 скиловите се поограничени и самите билдови не се прекомплицирани како на Path of Exile, сепак и за двете треба да користите упатства. Најдобриот сајт за билдови за Diablo 3 е Icy-veins.com додека за билдовите за Path of Exile подобро е ако се научат од YouTube. 

Најавата и снимките од Path of Exile 2 која е сè уште во изработка изгледаше многу добро, особено поради тоа што преку „двојката” може да се отклучат работи за „единицата“.

Path of Exile. Фото: Скриншот

За разлика од Diablo, каде што секој дел е посебен сам за себе.

Исто така има снимки од Diablo 4, којашто е во изработка и изгледа многу добро, но и двете игри изгледаат како да им е ставен сив филтер. Секако, и верзијата за мобилен телефон на Diablo Immortal не е воопшто лоша и е бесплатна. А излезен е и римејкот на Diablo 2 Resurrected, што во основа е Diablo 2 со подобра графика и подобро вмрежување и може уште сега да се купи. Но набиените цени во однос на фактот дека за Path of Exile не се плаќа ништо, претставува огромна разлика.

Path of Exile почна од неодамна да воведува сезони, исто како во Diablo 3. Сезоните во Diablo 3 се играат така што се почнува сосема нов лик од левел 1 и играте да соберете што повеќе опрема, затоа што повеќето играчи добиваат бустови до левел 70 од пријатели, па и од непознати – затоа што тоа трае околу 15 минути и не е проблем да се направи. Исто така има бустање (зајакнување на ликот) за опрема каде треба само да преживеете и да си соберете опрема додека бустерот ја чисти патеката за вас. Секоја сезона има различна рамка за портрет, нов мини-пет (мини-петовите во Diablo 3 го собираат златото што „дропа” за вас). Тоа се некои моменти што воедно ја убрзуваат и расипуваат играта.

Сличен момент кај Path of Exile е тоа што во последните нивоа од играта дропаат голем број легендарни оружја, исто како и во Diablo 3, и ковчегот каде се чува опрема се преполнува со легендарни оружја и оклопи и во двете игри. Додека во Diablo 3 не можете директно да ги разменувате со други играчи (освен ако не се стекнати ајтемите во иста група, инаку може) во Path of Exile на самиот Глобален чат се нудат многу бесплатни легендарни оружја и оклопи, а тоа се ајтеми што им се вишок на играчите и наместо да ги уништат, ги даваат и на почетници и на тие што навлегле во играта. Тоа исто така ја расипува прогресијата во играта.

Инаку, Path of Exile повеќе се игра соло одошто во група, додека за Diablo 3 полесно се групираат играчите за заеднички да играат. Додека Path of Exile може да делува одбивно одвреме-навреме, бидејќи има грозни патеки и непријатели, а Diablo 3, колку и да е извикана дека е лоша, всушност не е толку лоша и атмосферата е подобра поради квалитетната продукција. 

Додека за Diablo 3 се плаќа за експанзиите, од кои едната е прекратка а другата само отклучување на Некромансер плус проширување на ковчегот со два нови таба и нема содржина освен ликот, Path of Exile нуди неколку експанзии сосема бесплатно.  

Дали е Path of Exile добра замена за Diablo? И да и не. А причините се изнесени погоре. Кога би бирале помеѓу овие две игри, најдобро е да се одберат и двете.

P.S. Овој текст е превземен од новинската агенција Мета.мк, каде можете да најдете и други интересни содржини и за млади сработени од професионалци, повелете линк до изворот:

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

WP Post Author

Summer Game Fest конечно е тука, а со него и сосема нов трејлер за очекуваната трета сезона на Netflix на The Witcher. Geralt, Ciri, Yennefer и Jaskier се враќаат во акција во сезона 3, а нивната цел број еден е да ја заштитат Ciri од постојано менување и сè понестабилно континент. Тоа ги води до Aretuza, но она што се смета за безбедно засолниште, за жал, на некој начин станува стапица на смртта, а тоа ќе го гледаме во текот на целата сезона. Трејлерот ги задева сите овие елементи, како и мноштвото нови чудовишта, повеќе од мајтапењето на Geralt and Jaskier што ги обожаваме, а Ciri навистина се впушта во своето како Witcher на тренинг. Целосниот трејлер од Summer Game Fest можете да го погледнете подолу.

Континентот никогаш не бил понепредвидлив, а за време на настанот Tudum на Нетфликс, водителката Lauren Schmidt Hissrich изјави дека тоа ќе има голема улога во сезона 3. Можеме да видиме сè што се менува на континентот, што е супер возбудливо“.

Додека војната беше задевана во сезоните 1 и 2, таа конечно ќе стане реалност во сезона 3 и никој нема да замине неповреден. „Војната се закануваше толку долго“, рече актерот од Jaskier Joey Batey. „Конечно велиме: „О, боже. Тука е“. Епизмот, влогот за континентот, во макро смисла, е огромен, но микро влоговите се уште поголеми“.

Сезона 3, исто така, ќе биде последната сезона на Хенри Кавил како Гералт од Ривија, иако тоа нема да биде последната сезона од шоуто. На местото на Кавил во улогата ќе дојде Лиам Хемсворт, кој ќе ја преземе улогата во сезоната 4 и понатаму. Шоуто неодамна беше потврдено за 5-та сезона, така што се чини дека има доста од авантурата на Гералт што допрва треба да се истражи на малите екрани.