The Callisto Protocol, Sci-Fi хоророт на креаторот на Dead Space, Glen Schofield, многу е сличен на Dead-Space! Интересно е што конечно има датум на објавување и пристигнува на PS4, PS5, XBOX и PC на 2-ри декември оваа година.
The Callisto Protocol, кој официјално беше откриенa во декември 2020 година, е хорор игра сместена во 2320 година. Нејзиното дејство се развива во границите на затворската колонија Black Iron на месечината на Јупитер – Калисто. Тие што знаат оваа игра требаше наводно да биде сместена во универзумот на PUBG. Сите се уште ги чуди тој факт, но пред некое време креаторот најави дека таа изјава е фрлена во вода и тоа нема да се случи.
До сега имавме видено само еден интересен но не толку добар тизер на „The Callisto Protocol“ од неговото интригантно откривање во 2020 година, па затоа е убаво конечно да се види нешто ново! Изгледа како соодветно атмосферски, вкусни нешта – и, да, не сосема различно од Dead Space. Фановие на Dead Space од ова ќе бидат многу задоволни, а тие што никогаш не играле Dead Space многу пропуштиле, но сега им е шанса да се вратат.
Во моментов нема многу повеќе за известување за играта, иако тоа сигурно ќе се промени како што датумот на објавување на 2-ри декември расте поблиску. Едно нешто што знаеме, сепак, благодарение на неодамнешната потврда од Schofield, е дека The Callisto Protocol – кој ја развива Striking Distance Studios за издавачот на PUBG Krafton – повеќе нема да се обидува да се притисне во универзумот PUBG, кој, биди искрен, секогаш звучеше како многу сомнителен план. Како што кажавме и погоре.