WARHAMMER 40.000 – Втор Дел: За Креативниот Дел од Хобито

Miniatures Wargaming игрите секогаш имаат два аспекти. Првиот е креативниот аспект, односно креирање на самата армија со која се игра, како и теренот. Вториот аспект, секако е самото играње. Се игра по точно одредени правила кои се напишани во таканаречени Basic Rule Books. Warhammer 40000 не е исклучок од ова, напротив цврсто се потпира и на двата аспекти подеднакво.

Моделите за играње се продаваат несклопени и необоени. Во минатото кога жанрот бил во задориш моделите се изработувале од бел метал, легура од олово и калај, и во најголем број од случаите биле едноделни, немало потреба од склопување. Со текот на времето белиот метал бил заменет со резин и пластика, иако сѐ уште може да се најдат модели изработени од бел метал, многу се ретки, но ги има. Во последниве пет до шест години Games Workshop потполно ги исфрлија металот и резинот и се фокусираат исклучиво на производство на пластични модели.

Стар метален модел на Inquisitor in Terminator Armor.

Пластичните модели доаѓаат во таканаречени sprues. Потребно е деловите да се извадат од рамките, најчесто со мала клешта за сечење од алат за електроника. Во поголемиот дел од случаите потребен е лепак за да се склопат моделите, најчесто се користи најобичен супер лепак, или може да се користи специјализиран лепак за пластика, кој има голема предност затоа што пред се не се лепи за прстите и многу појако ги лепи пластичните делови едни за други, со супер лепак врската не е толку јака. И едниот и другиот метод си имаат свои маани и доблести, јас лично преферирам да користам супер лепак затоа што ми овозможува да ги расклопам моделите полесно ако сакам да ги модификувам, со пластичен лепак тоа е многу тешко. Од неодамна Games Workshop почнаа да произведуваат и таканаречени Easy To Build поакети кои имаат модели за кои не е потребен лепак, секој дел од моделот си има жлебови кои совршено се вклопуваат па нема потреба од лепење на деловите. И ова е меч со две оштрици, од една страна е полесно за склопување и затоа овие пакети се наменети за почетници, но од друга страна моделите се во фиксни предодредени пози и нема многу простор за модификација. Да бидам искрен, не прави многу голема разлика затоа што и овие модели дури и со нивните фиксни пози изгледаат преубаво и епски!

Easy To Build Death Guard Plague Marine Champion.

За боја најчесто се користат акрилни бои на база на вода кои се наменети токму за боење на модели, со специфична густина и конзистенција на пигментот. Може да се користат и специјализирани мастила кај кои конзистенцијата на пигментот е многу јака, па не се препорачуваат за почетници. Производители има многу, Citadel Paints на Games Workshop се најчесто употребуваните, меѓутоа има и други одлични производители на бои за модели како Vallejo, The Army Painter, Privateer Press – P3 Formula, Creature Caster, Green Stuff World, Scale 75 и многу други. Боењето се врши со четка, а потребно е и вода за разредување на бојата. Многу често за да се убрза процесот се користи и спреј, како и Airbrush.

Дел од асортиманот на Citadel боите, произведени од Games Workshop.

Што се однесува до самиот терен за играње, тој може да биде изработен од многу материјали. One man’s trash is another wargamer’s terrain material! Многу производители продаваат готови терени, спремни за играње веднаш без потреба од дополнително склопување и боење. Но исто така многу производители произведуваат терени кои се како самите модели, несклопени и необоени. Меѓутоа многу wargamers сами си го креираат теренот од најразлични материјали како стиропор, стиродур, картон, разни дрвени плочи, празни конзерви од храна и многу други материјали кои навидум треба да се фрлат во ѓубре.

Фотографија од минатиот Понеделник. Моите Dark Angels од лево, и Death Guard на другар ми Стеф од десно. Теренот е изработен од картон, стиродур, forex, камчиња, остатоци од sprues и бакарна жица. Полето на кое играме е мушама на која е испринтана текстура што јас ја креирав во Photoshop.

Една работа на која сакам да обрнам внимание се таканаречените Conversions, ова е мојот омилен дел од ова хоби. Conversions или како што уште се нарекуваат и Kitbashings, се модели кои се сочинети од делови кои припаѓаат на други модели. Тука максимално доаѓа до израз креативноста. На пример сакате да имате Space Marines Captain, меѓутоа моделот кој се продава од страна на Games Workshop не ви се допаѓа поради една или друга причина. Штом е така земете делови од различни други Space Marines и создадете ваш уникатен Space Marine Captain. Ова најчесто играчите го прават за хероите и лидерите на нивните армии со што даваат посебен персонализиран изглед на армијата. Доколку сакате да играте на некој од официјалните турнири организирани од Games Workshop сите conversion модели мора да ви се изработени од делови кои се произведени исклучиво од самите Games Workshop.

Мој kitbash модел, Dark Angels Interrogator-Chaplain, изработен со комбинирање на делови од седум други различни модели.

И покрај тоа што овој текст го напишав во однос на Warhammer 40000 во суштина важи за сите игри на Games Workshop, а и за повеќето wargames од други производители, па така кога ќе зборувам за Warhammer Age of Sigmar нема да се осврнам на овој дел и од таа игра.

Наредно ќе зборувам за правилата на Warhammer 40000, тој текст ќе биде далеку подолг од овој, а до тогаш ви благодарам за вашето читање. Have a great day!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Golden Axe, класичната аркадна и конзолна игра од SEGA, добива своја ТВ серија на Comedy Central. Новото анимирано шоу ќе има 10 епизоди.

Актерската екипа за Golden Axe ги вклучува Метју Рис, Дени Пуди, Лијам Мекинтајр, Лиза Гилрој и Карл Тарт. Во шоуто ќе бидат Мајк Мекмахан од Solar Opposites и Џо Чендлер од American Dead извршен продуцент на серијата. Претседателот и извршен директор на SEGA Sammy, Харуки Сатоми, SEGA Corp COO и претседателот Шуџи Уцуми и Тору Накахара, исто така, ќе помогнат во извршниот продуцент на шоуто.

“In a hilarious and loving homage to Sega’s 1989 video game series, Golden Axe follows veteran warriors Ax Battler, Tyris Flare and Gilius Thunderhead as they once again battle to save Yuria from the evil giant Death Adder who just won’t seem to stay dead. Fortunately, this time they have the inexperienced and underprepared Hampton Squib on their side.

As far as the characters go, Rhys will voice Gilius Thunderhead, a battle dwarf with “poor hygiene and a chip on his shoulder.” Pudi voices Hampton Squib, “a naive, inexperienced first time adventurer who has dreamt of questing his entire life.

Gilroy plays Tyris Flare, a battle sorceress who is “deadly in a fight and even deadlier with her sharp wit.” McIntyre plays Ax Battler, a barbarian warrior who abides by a code of honor while also having a “sweet golden retriever demeanor.

Официјалната дескрипција на серијата